Лекарите се борат за животот на најголемиот и најпознат руски критичар на Кремљ, бизнисменот Алексиј Навални.
Утринава на Навални му се слошило додека бил на лет од Томск до Москва, принудувајќи го авионот непланирано да слета во Омск. Оттаму бил пренесен со брза помош во болницата, објави портпаролката на Навални, Кира Јармиш на Твитер, наведувајќи дека тој е во критична состојба.
Заменикот на директорот од болницата во која се наоѓа Навални ги потврди наводите, како и дека се обидуваат да утврдат дали Навални бил отруен.
Патниците кои биле во авионот на летот од Томск до Москва тврдат дека Навални буквално ползел за време на патувањето, поради што авионот морал итно да следа во Омск.
Погледнете ги видеата:
Претходно портпаролката на Навални, Кармиш сподели твитови во кои откри дека се претпоставува како Алексеј бил отруен на аеродромот, кога пиел чај: „Тоа беше единственото нешто што пиеше наутро. Лекарите велат дека токсинот се апсорбира побрзо преку врела течност“.
Непосредно пред самиот лет, патник случајно споделил фотографија на неговиот инстаграм-профил како Алексиј Навални пие чај во аеродромскиот кафе-бар.
Портпаролката на Навални на социјалните мрежи истакна дека пред една година, кога тој бил во притвор, исто така бил отруен.
Таа исто така сподели твит од главниот уредник на телевизијата „Дожд“ во кој открива дека аеродромот „Томск“ нема да преземе ништо за да се разоткрие кој, кога и како го отрул Алексиј Навални.
Уклончивая реакция врачей только подтверждает, что это отравление. Ещё два часа назад они были готовы поделиться любой информацией, а теперь явно тянут время и не говорят, что им известно
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) August 20, 2020
Јармиш истакна дека докторите пред неколку часа потврдиле дека станува збор за труење, а сега одбивале да споделат какви било информации за јавноста. Како што пишува Јармуш, нивното молчење само потврдува дека Навални бил тенденциозно отруен.
Таа тврди дека докторите се под закани да молчат, а сподели и фотографија на која се гледа присуство на полицијата во болницата, додавајќи дека „ова е само мал дел од полицајците во одделот за интензивна нега“.
Это только маленькая часть полицейских в коридоре реанимации pic.twitter.com/EE4xfu79Xq
— Кира Ярмыш (@Kira_Yarmysh) August 20, 2020
„Нема промени или нови информации за неговата здравствена состојба, нема дијагноза, ќе има „попладнево“ – е последната информација која Јармуш ја сподели за моменталната здравствена состојба на Алексиј Навални, денеска во 11:45 часот.
The post НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.
НЕПРИЈАТЕЛОТ НА ПУТИН ПЛАЧЕ ОД БОЛКИ: Вознемирувачки снимки од авиониот со кој патуваше Навални (ФОТО+ВИДЕО) was first posted on август 20, 2020 at 12:08 pm.