Во германскиот град Лајпциг вечерва ќе биде спроведен необичен експериментален концерт, од кој научниците ќе дојдат до сознанија како се однесува публиката и колкав е ризикот од ширење на Ковид-19 на големи собири.
На експерименталниoт концерт ќе настапи германскиот поп пејач Тим Бенџко, а научниците од Универзитетската болница во Хале треба да утврдат дали треба да се дозволи голем број луѓе во концертните сали и на фудбалските стадиони за време на пандемијата со Ковид-19.
– Сакаме да утврдиме колкав е бројот на контакти помеѓу посетителите на концертите – изјави раководителот на студијата Стефан Мориц.
Публиката на концерот ќе има уреди кои ќе овозможат следење на нивните контакти, додека сензори на кровот на салата ќе собираат и евидентираат податоци за движењето на посетителите.
Сите во публика ќе имаат флоресцентно дезинфекциско средство, а по концертот, со помош на УВ лампа ќе се утврди кои површини силно светат, што ќе значи дека посетителите многу често се допирале.
Во експериментот ќе учествуваат 2.210 луѓе, што е многу помалку од очекуваните 4.000 волонтери.
Доброволците пред концертот ќе мора да достават негативен резултат на Ковид-19, а за време на концертот ќе носат заштитни маски ФФП2.
Резултатите од студијата се очекуваат во октомври.
The post Необичен експериментален концерт во Лајпциг – Научниците ќе следат колкав е ризикот за ширење на Ковид-19 на големи собири appeared first on Слободен печат.
Необичен експериментален концерт во Лајпциг – Научниците ќе следат колкав е ризикот за ширење на Ковид-19 на големи собири was first posted on август 22, 2020 at 5:18 pm.