-5.2 C
Скопје
06:57 - 24 ноември, 2024

Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите

Откако ВМРО-ДПМНЕ го обзнани ставот дека пратеничката група нема да ги поддржи, падна во вода и потребната бројка од 80 пратенички гласови. Сега на ред се институциите што ги предлоижиле и донеле уредбите, да кажат што со нив. Во меѓувреме Слободен печат разговараше со професорот по уставно право Светомир Шкариќ кој ни рече дека е уставна обврска уредбите да бидат ставени на одобрување пред парламетнот, а дали законодавниот дом ќе ги потврди или отфрли зависи од волјата на парламентарците.

Според професорот, во случај уредбите да не стигнат до Собранието или, пак Собранието не се произнесе по нив, тогаш тие остануваат во сила на неограничено време бидејќи имаат карактер на закон и како такви Собранието може да ги дерогира, да ги отфрли, односно да им го одземе законското дејство на оние уредби за кои смета дека ја извршиле својата функција.

– Не треба да се внесува забуна од универзитетски професори дека тие дејствуваат само додека трае вонредната состојба. Уредбите се закони само што имаат назив уредба, бидејќи имаат законско дејство тие ќе бидат во сила се додека не се укинат. Ако уредбите не ги разгледа Собранието, ако нема кворвм, тогаш тие и натаму остануваат во сила. Дејствуваат и се применуваат во практика бидејќи имаат обврзувачко дејство и оној што ќе ги прекрши ќе одговара, бидејќи имаат карактер на закон“, вели Шкариќ.

Од друга страна пак од почетокот на кризата поради коронавируост која започна во марта и сеуште трае во Собраението ниту една пратеничка група или пак, Владата нема иницирано носење на Закон за воена и вонредна состојба.

Собраниски извори за Слободен печат велат дека веднаш на почетокот на кризата имало некакви усни иницијативи, но не биле ниту сериозно сфатени ниту пак разгледани од Министерството за правда.

Според премиерот Зоран Заев собрнаиските процедури околу уредбите на претседателот, мора да продолжат.

-Процедурите мора да продолжат. Преседателот на Парламентот е должен да ги достави одлуките за вонредна состојба до пратениците. Тие треба да расправаат по нив. Не станува збор за уставна криза, ниту за некои проблеми за поништување на било какви одлуки кои се донесени, ниту пак процесот е реверзибилен, односно не може да се врати назад. Не постои ризик, рече Заев.

The post Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите appeared first on Слободен печат.


Нема закон за вонредна состојба, затоа има разногласие околу уредбите was first posted on октомври 1, 2020 at 4:34 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....