Нема град во земјава во кој нема позитивни на Ковид-19. Вкупниот број на активни случаи во моментов е 2.208, најмногу и натаму се во Сопје 755 по што следуваат Куманово со 277, Гостивар 146, Прилеп 143, Тетово 121 и Штип 111.
Во другите градови се бројат под 100 случаи, а најмалку има во Крушево и Ресен по еден, и во Валандово двајца.
Во болниците моментално се лекуваат 295 пациенти, од кои 43 се на кислородна поддршка, а по подолго време нема пациенти на механичка вентилација.
Во изминатото деноноќие се направени 1.486 тестирања, а регистрирани се 109 нови случаи со Ковид-19, најмногу во Скопје-40, Прилеп-12 и Куманово-10. Институтот за јавно здравје регистрира и 89 оздравени пациенти и тројца починати.
Вкупната бројка на Ковид дијагностицирани во земјава од почетокот на епидемијата изнесува 14.871, оздравени се 12.054, а починати 609.
Направени се вкупно 154.948 тестирања на Ковид -19.
The post Нема град без активни на Ковид-19, вкупно 2.208 случаи во земјава appeared first on Слободен печат.
Нема град без активни на Ковид-19, вкупно 2.208 случаи во земјава was first posted on септември 5, 2020 at 8:53 am.