4.8 C
Скопје
20:53 - 27 ноември, 2024

Нема да има картички за невработените активни баратели на работа

Според најавите на премиерот Зоран Заев, во четвртиот пакет економски мерки, еднократна помош од државата не треба да очекуваат активните баратели на работа, кои добиле пари со третиот сет мерки, туку државни пари на картичка ќе добијат само пасивните баратели на работа.

Според податоците на Агенцијата за вработување, во август имало 144.759 невработени, кои се пријавуваат како активни баратели на работа и кои секој месец редовно се евидентираат. Како пасивни баратели на работа, или други лица што бараат работа, во август имало 84.059 невработени и тие имаат обврска за пријавување во Агенцијата еднаш на шест месеци.

Во изминатиов период, пак, како што пишуваше „Слободен печат“, многу невработени што досега не се пријавуваа во Агенцијата за вработување, поитаа да се пријават, и тоа како активни баратели на работа очекувајќи дека во овој пакет на мерки ќе има пари за нив. Дел од пасивните баратели на работа, пак, се префрлиле во активни баратели, затоа што минатиот пат пари имаше само за нив. Според нашите сознанија, за спроведување на оваа мерка во четвртиот пакет, ќе има некој датум што ќе биде граница до која ќе се земат предвид податоците за пасивни невработени што ќе добијат државна помош.

За разлика од претходно, кога невработените добија по 9.000 денари, сега сите платежни картички се по 6.000 денари.

– Овој пат платежни картички со износ од 6.000 денари ќе ги добијат 5.726 самохрани родители, пензионерите со пензии до 15.000 денари, односно 182.271 наши сограѓани пензионери, невработените што се пасивни баратели на работа, односно 85.108 граѓани, самостојните уметници, филмски работници, културни работници и естрадни уметници чија бројка е 520 корисници. Платежни картички „Купувам домашно“ ќе добијат уште 540 студенти, кои во претходниот пакет не ги добија овие картички, а за што навремено и со право реагираа претставниците на студентите. Плус поддршка за ученички и за студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Секако, ќе ги помагаме и оние граѓани што се над 64 години, а немаат пензија, ниту државна социјална пензија и се со приходи пониски од 15.000 денари, или воопшто немаат приходи. Со тоа, оваа мерка опфаќа 283.000 наши граѓани, а нејзината вредност изнесува 27,6 милиони евра – рече премиерот Заев.

The post Нема да има картички за невработените активни баратели на работа appeared first on Слободен печат.


Нема да има картички за невработените активни баратели на работа was first posted on септември 28, 2020 at 2:21 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....