4.8 C
Скопје
11:09 - 21 декември, 2024

Неколку илјади граѓани маршираа во Љубљана против коалицијата на Јанша

Неколку илјади граѓани вечерва излегоа на протестот во Љубљана наречен „Без став – марш против коалицијата на омраза”, јави дописникот на МИА од Словенија.

Маршот против извесната Влада предводена од Јанез Јанша започна во 17 часот пред седиштето на СМЦ (Партија на модерниот центар) каде што говорниците порачаа дека Влада предводена од Јанша нема да и донесе ништо добро на земјата.

– Ние сме тука вечерва, не да ги раздвојуваме луѓето, туку да ја спречиме поделбата која ќе ја донесе „коалицијата на омразата”. Глас за Влада на Јанша е глас за воведување вонредна состојба. Ако гласате за оваа Влада, ќе гласате за Влада по моделот на Орбан од кој се дистанцираше цела Европа, беше порачано од говорниците.

Протестот заврши мирно пред седиштето на партијата на пензионерите ДеСус.

Инаку, денеска словенечките медиуми објавија дека во вторник на собраниска седница ќе се гласа за новата Влада на Јанша. За да се изгласа е потребна поддршката од најмалку 46 пратеници. Предвидено е гласањето да биде тајно. Новоформираната коалиција предводена од СДС има 48 пратеници.

The post Неколку илјади граѓани маршираа во Љубљана против коалицијата на Јанша appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....