3.8 C
Скопје
18:52 - 18 декември, 2024

Не можат да му го изговорат името, а доби најголема поддршка на внатрепартиските избори во Ајова

Питер Бутиџиџ води во трката на демократските кандидати во сојузната американска држава Ајова, иако пред почетокот на кампањата за него едвај и некој да имаше слушнато, пишува „Дојче веле“.

Меѓутоа, тие наведуваат дека за време на ТВ дебатите тој солидно се покажал, а дека сега е прашање дали навистина може да ги добие внатрепартиските избори.

– Уште по некој новинар се мачи правилно да му го изговори името, бидејќи „Buttigieg“ правилно се чита како Бутиџиџ – забележува авторот на текстот.

Инаку, тој се вика Питер, но сите го викаат Пит, а до крајот на минатата година беше градоначалник на родниот град Саут Бенд во сојзуната држава Индијана, за потоа да влезе во трката за демократска кандидатура на претседателските избори.

Тоа на многумина им делуваше премногу храбро или лудо, забележуваат од „Дојче веле“, особено поради фактот што на некои познавачи Бутиџиџ (38) им се чинеше премногу неискусен, а на некои не веруваат оти деклариран хомосексуалец може да добие доволна поддршка во денешна Америка.

Но, како што пристигнуваат резултатите од Ајова, првата сојузна држава во која членовите на демократите гласаа, Бутиџиџ излегува од аутсајдерската сенка.

На основа на 70 отсто од обработените изборни единици, тој е во вотство со 27 отсто од гласовите. Следи левичарскиот сенатор Берни Сандерс со 25 отсто, Елизабет Ворен со 18 отсто, поранешниот потпретседател на САД Џозеф Џо Бајден со разочарувачки 15 отсто.

Бутиџиџ веќе прогласи победа во Ајова и тоа зборувајќи им на поддржувачите во Њу Хемпшир, каде следната недела се одржува гласањето.

Не е вообичаено за конечниот исход на гласањето да се чека волку долг период, а според наводите на американските медиуми, демократите имале „технички проблем“ со апликацијата со која се пребројуваат гласовите, па се уште не се знае кога целосниот резултат ќе биде познат.

Проблемот на демократите во Ајова претседателот Доналд Трамп го искористи да се запраша како може да се довери државата на оние кои не се во состојба да организираат гласање во „малечката“ Ајова.

Во таа држава не се гласа со класично заокружување и уфрлање на ливчиња во кутија – туку на партиски собири во окрузите, каде во комплицирано надгласување и прегласување доаѓа се доаѓа до тоа кој округ кој кандидат го поддржува.

Внатрепартиските избори традиционално започнуваат во Ајова и поради тоа што оваа држава со 3,2 милиони жители има посебно симболично значење.

Сепак, победата во Ајова носи само 41 од 3.979 делегатски гласови на ниво на целите Соединети Држави, но се смета дека тука се зацртуваат фаворитите и се назначуваат дебаклите на кандидатите.

Кај републиканците, актуелниот претседател Трамп нема сериозни противкандидати, па затоа за него внатрепартиските избори ќе бидат само формалност.

Победникот меѓу демократите ќе излезе на мегдан со Трамп на претседателските избори во САД на 3 ноември оваа година.

The post Не можат да му го изговорат името, а доби најголема поддршка на внатрепартиските избори во Ајова appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....