1.8 C
Скопје
23:59 - 21 декември, 2024

Не е проблемот до Статутот

Една недела по изборите, страстите спласнуваат и работите полека си доаѓаат на свое место. Никој паметен повеќе не се сомнева во тоа кој ќе биде мандатарот на идната влада. А главниот „виновник“ не е ни во Скопје, јаде баклави во Преспа…

Во меѓувреме, го читам составот на новата пратеничка група на опозициската ВМРО-ДПМНЕ и, со исклучок на Стоиљковиќ и Мизрахи (однапред се извинувам ако сум пропуштил некого), гледам на списокот само горди етнички Македонци и Македонки. Честитам, комити!

А во коалицијата „За обнова на Македонија“ бројам десетина етнички партии кои „истрчаа“ заедно со ВМРО на овие избори – никој од нивните претставници не добил реална шанса да стане пратеник во новиот собраниски состав. „Обновава“ повеќе личи на обично варосување.

Погледајте ги пратеничките (или министерските) состави на модерните европски конзервативни, десни партии – на пример, кај Британците, Холанѓаните или Германците – и ќе ви стане јасно дека, иако во тие земји недоминантните национални, религиски или расни заедници се помалубројни од шареното етно-богатство во Македонија, тие не ни помислуваат да направат „чисти“ листи кои не би ја одразиле, макар и симболично, општествената реалност во нивните земји.

Нема ни еден Албанец, Турчин или Ром што може да ги застапува интересите на ВМРО-ДПМНЕ? Партијата која ги присвојува идеалите на Крушевската Република?

Е, нема.

Ова е една од централните теми со кои треба да се занимава, наводната, претстојна идеолошка реформа на ВМРО-ДПМНЕ во опозициските години што им претстојат. Во спротивно, ќе си бидат осудени на тоа самите да си се прогласуваат за изборни победници и да гледаат како други – „за влакно“, макар вагинално, ама со политичка дебелина на ортома – создаваат влади во земјава. Три пати губат избори на таа тема и тврдоглаво ништо не учат.

Времето на макар и политички коректни националисти во Македонија, кои сакаат да ја предводат власта, помина. Големите партии кои се стремат за, внатрешен и надворешен, победнички коалициски капацитет не можат да си го дозволат „луксузот“ на „затворените“ идентитетски агенди на помалите етнички партии или на атракциите на радикалните човек-партии кои тресат разновидни глупости по телевизиски студија и на Фејсбук.

Може и со некоректни националистички изборни трикчиња. Ете, ДУИ проба со едно такво, па сега се чуди што да му прави.

Во македонското, етнички поделено општество, не е таа „лекција за спојување“ ниту пријатна, ниту лесна за учење. СДСМ е далеку од идеална партија за спроведување на концептот „Едно општество за сите“, но покажуваат храброст и визија да го видат нашиот свет зад балканските хоризонти. Додуша, во претходните две-три години, главно, останаа на „гледање“, со силни опструкции од досегашниот коалициски партнер. Со новата влада тоа треба уште и да се одработи, во сите сфери на општеството, таман по мерка на европските интегративни процеси.

Во спротивно, „клатното“ ќе се врати кај опозицијата, а тие се експерти за минатовековни политички теории за демократијата според кои мнозинството секогаш знае што е најдобро за малцинството. Ако не верувате, видете им ја пратеничката листа.

The post Не е проблемот до Статутот appeared first on Слободен печат.


Не е проблемот до Статутот was first posted on јули 23, 2020 at 8:56 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....