2.8 C
Скопје
05:21 - 23 ноември, 2024

Не е до „апчињата“, сепак е потребен нов конзилиум

ВМРО-ДПМНЕ размислува да отпочне постапка за импичмент против Стево Пендаровски, за кого сметаат дека е „дел од мафијата на Заев“, која функционира „многу подобро од Коза ностра“. Бидејќи Пендаровски прогласувал вонредни состојби заради вирусната епидемија во земјата. На кои тие пред неколку месеци инсистираа да се прогласат, а и ги спроведуваа – лошо! – додека беа дел од техничката влада.

Ауууууу, каква бесмисленост на постоењето. Овие немаат поим ни што да прават со себе, ни со партијата, ни со јавноста. Со своите портали и една телевизија си живеат во сопствена виртуелна реалност, во својот црно-црн свет, ограден со висока бодликава жица и се допингуваат со инекции со висока концентрација на фабулозни емоции и ирационалност… Речникот им е ескалиран („хунта“, „мафија“, „терористи“, „режим“ и сл.), чувствата им треперат како да се на прв љубовен состанок, мислам дека и на спиење одат во маскирна униформа.

Ова не го кажувам со желба за подбив – како што веројатно звучи – бидејќи  Македонија помина низ една деценија од нивното владеење кога многумина обични и помалку обични граѓани се чувствуваа како да се во концентрационен камп, под реален притисок, со вистински (докажани) следења, со бројни потврдени вознемирувања, до толку што дури сега и тогаш истакнатите и долгогодишни функционери се пријавуваат како жртви на тој, реално, НИВЕН и „наш“ режим.

Окружени со бодликавата жица на ол-инклузив виртуелноста во која денеска живеат, мислат дека таа безобразна и провидна пропаганда, потпрена врз најпростачка замена на тези, им поминува во најголемиот дел од јавноста.

Занимливо, голем дел од сегашните вревливи пропагандисти на ВМРО-ДПМНЕ, кои сега тврдат дека се жртви на „хунтата“ и „режимот“ на Заев, долго го усовршуваа пропагандистичкиот занает токму за време на нивниот режим. Тоа се ИСТИТЕ дечки и девојки, во меѓувреме подостарени, ама без да станат попаметни, кои за потребите на братучедите Груевски и Мијалков на ИСТИТЕ овие дигитални и некои електронски медиуми преку кои сега шират хистерија – неуморно одработуваа и, ако се сеќавате, ни ги заокружуваа лицата на фотките со црвено, правеа „легитимни“ мети од стотици луѓе за дополнителни изживувања и малтретирања.

Сакате азбучно да им ги редам имињата, па да морате колумнава да ја читате уште половина час?

Еден адвокат, долгогодишен член на ВМРО-ДПМНЕ, кој одлично ја знае и тогашната и денешната состојба во својата партија, некни луцидно ми вели дека и по две-три години судења во случаите на СЈО, ниту ЕДЕН од обвинетите нема излезено со исказ (а не, пак, со „непријателско“ сведочење!) во кој поименично би се дистанцирал од Груевски или Мијалков. Еве, со правосилни пресуди почнаа да ги спроведуваат и во затвор, а тие НИ ИМИЊАТА не се охрабруваат да им ги спомнат, иако – вон судницата – ги колнат братучедите за судбината што нив, обвинетите, (своеволно) ги снашла. Уште живеат во страв од режимот што, во различни капацитети и на различни функции, самите го спроведуваа.

Мене ми се чини дека опозицијата, со целото свое сегашно бесмислено, но агресивно однесување, поминува низ еден вид на пост-трауматска колективна терапија на справување со сопствените потиснати стравови, со длабоките фрустрации и преживеаното долгогодишно „семејно насилство“. Разбирливо, срамот го заменуваат со лутина и полесно им е бесот да го проектираат кон некој друг („режимот на Заев“!), наместо да се соочат со баналноста на злото што, со години, самите го спроведуваа врз други.

Опишана е таа состојба во многу прочуени книги од разни историски, политолошки, психолошки и други дисциплини. Треба да има автори и со Нобелови награди на таа тема. Но, за терапијата конечно да успее, потребно е „пациентите“, во еден момент, да престанат да се самозалажуваат и вината да ја бараат кај други. Треба да се соочат со своето минато, со своите постапки во него.

Не знам колку долго ќе трае овој процес во ВМРО-ДПМНЕ (некои злобници тврдат дека трае повеќе од сто и кусур години, што е друга интерпретација на истата тема), но со др. Мицкоски, очигледно, шансите за успех на терапијата и за почеток на закрепнувањето им се мали.

Можеби е дојдено време да престанат да се самоповредуваат и да се консултираат и со некој друг доктор, пред повторно да станат насилни?

The post Не е до „апчињата“, сепак е потребен нов конзилиум appeared first on Слободен печат.


Не е до „апчињата“, сепак е потребен нов конзилиум was first posted on октомври 2, 2020 at 8:15 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....