0.8 C
Скопје
23:43 - 18 декември, 2024

Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух?

Група истражувачи од Универзитетот во Флорида успеа да изолира жив примерок од новиот коронавирус од воздухот, што на оддалеченост од два до пет метри беше земен од пациенти, хоспитализирани поради инфекција со Ковид-19, објави Њујорк тајмс.

Научниците тоа го објавија минатата недела на интернет. Студијата се уште не е рецензирана, но предизвика дебата.

Експертите наведуваат дека не е јасно дали количеството вирус пронајдено во воздухот е доволно да зарази друго лице.

– Обидите да се земат таквите минијатурни капки најчесто го оштетуваат вирусот. Многу е тешко да се земе примерок од биолошки материјал од воздух, а да е употреблив. Мораме на паметен начин да ги собираме примероците, за да бидат слични на тие што ги вдишуваат луѓето, посочи инженерката Сели Милер, која го проучува квалитетот на воздухот и болестите што се пренесуваат преку него.

Додека вирусологот Линси Мар истакна дека тоа е доказ дека заразниот вирус опстојува во воздухот.

Претходните обиди да се истражи ширењето на Ковид-19 по пат на аеросоли беа неуспешни поради земањето на примероци. Една група успеа да го изолира вирусот, но не успеа да докаже дали вирусот е заразен.

Истражувачите од Универзитетот во Флорида земените примероци ги зачува така што прво ги зголемија со водена пареа, па ги префрли во течност полна со соли, шеќери и протеини, за да го зачува патогенот.

Истата медтодологија била применета кога биле земани примероци од болничките соби, но тогаш не успеаја да го изолираат новиот коронавирус поради присутноста на други респираторни вируси.

The post Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух? appeared first on Слободен печат.


Научниците со спротиставени мислења: Дали коронавирусот може да се пренесе преку воздух? was first posted on август 13, 2020 at 12:51 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....