0.8 C
Скопје
10:22 - 19 декември, 2024

Научниците открија зошто заразените од ковид-19 го губат сетилото за мирис

Температура, болки во грло, кашлање, болки во градите, слабост, се најчестите симптоми кај заболените од коронавирус. Многу заразени исто така, на некое време ги губат сетилата за мирис и вкус.

За тоа може да биде одговорен еден ензим: на научниците од Универзитетот Џонс Хопкинс во Балтимор им успеа со експерименти со екстремно високи дози од ензимот АЦЕ-2 (Agniotensin Converting Enzyme II) да докажат и тоа точно во пределот на носот, дека овој ензим е одговорен за губењето на сетилото за мирис, јавува Дојче Веле.

Овој ензим наводно би требало да има улога на влез низ кој коронавирусот влегува во клетките од организмот. На тоа упатуваат овие студии. Научниците за својата студија ги испитуваа ткивата на 23 пациенти, на кои истите им се отстранети во текот на операција. Пациентите кои не биле заразени од коронавирус биле оперирани поради тумори или воспаление на синуси.

Резултатите од нивното истражување би можеле да послужат за нов пристап при лекувањето на заразените, напишаа експертите во научното списание “European Respiratory Journal”.

Резултатите, исто така би морале да бидат потврдени со дополнителни истражувања, рече Ендрју Лејн од Универзитетот Џонс Хопкинс: „Ако тоа се покаже како точно, тогаш би можеле да ја победиме заразата со антивирусни терапии, кои би се давале директно во нос“.

Тобиас Велте, од клиниката за белодробни болести, Вишата медицинска скола во Хановер, не бил вклучен во истражувањето, но вели дека се работи за „паметна студија“ која не само што го објаснува губењето на сетилото за мирус кај многуте пациенти туку и овозможува и нови терапии. Но и тој смета дека се нужни натамошни истражувања.

 

The post Научниците открија зошто заразените од ковид-19 го губат сетилото за мирис appeared first on Слободен печат.


Научниците открија зошто заразените од ковид-19 го губат сетилото за мирис was first posted on август 23, 2020 at 4:51 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....