-4.2 C
Скопје
03:21 - 23 декември, 2024

Национализам во време на корона

Американците го откажаа тенискиот турнир во Индијан Велс, па нема да биде срамота доколку и ние баражниот дуел од Лигата на нациите со Косово го одиграме пред празни трибини.

Епидемијата од коронавирусот ковид-19 од Азија се префрли на другите континенти, правејќи огромна штета врз производството, трговијата, туризмот и спортот. Цели градови и региони се ставени под карантин, прекинати се пред векови поставени трговски рути, големите берзи бележат огромни падови бидејќи никој не инвестира, а веќе се чувствува и недостиг на одредени производи на глобално ниво поради намаленото производство во Кина, што допрва ќе биде проблем откако залихите ќе бидат исцрпени.

Турнирот во Индијан Велс е првиот значаен спортски натпревар што е откажан поради епидемијата. Веројатно на организаторот не му се исплати да ги организира тениските натпревари без публика, бидејќи спонзорските договори не се доволни за да на најуспешните тенисери им бидат исплатени парите заработени од наградниот фонд.

Во фудбалот, финансиските средства што се заработуваат од продажбата на влезниците се занемарлив дел од буџетите на големите европски екипи. Затоа во Италија без проблем се одржуваат првенствените кола, иако атмосферата на стадионите е камерна. Во прилог на политичката ситуација во Македонија, камерната атмосфера на арената „Тодор Проески“ веројатно е најпосакуваното сценарио за Фудбалската федерација на Македонија и сите други институции вклучени во организацијата на натпреварот. Во пресрет на секои избори кај нас атмосферата се електризира до точка на топење, па затоа и дуелот со косовската фудбалска репрезентација според многумина може да претставува сериозен безбедносен предизвик, особено поради фактот дека некои домашни навивачки групи порачаа дека на оваа средба здужно ќе навиваат за условно речено гостинската екипа.

Не е тешко да се воспостави линк помеѓу навивачките групи и политичките партии, на кои најбитната работа им е победа на изборите. Инцидент, до кој на нашиот стадион лесно може да дојде, секако дека на најмалку ќе им одговара на репрезентациите, но затоа политичките партии ќе профитираат од тоа неколкукратно.
Дуелот со Косово паметно е да се одигра без публика и без опасноста од коронавирусот, бидејќи националистичкиот вирус во време на кампања кај нас е поопасен од секоја епидемија.

Тоа што треба да нè охрабри е формата на Горан Пандев, кој не престанува да ги тресе мрежите во Серија А, каде што фудбалските кола се одржуваат без публика токму поради епидемијата на ковид-19. Еден гол во Скопје на Пандев ќе реши голем број проблеми, а публиката може да се радува и пред телевизор.

The post Национализам во време на корона appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....