Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на 1.000 лица починати од коронавирусот, како би укажал на тоа дека брјот на починати од ковид-19 во САД се приближува до 100.000.
САД се први во светот по бројот на заразени и починати од коронавирус. Според сајтот Worldometers, во оваа земја се забележани 1.666.828 заразени и 98.683 смртни случаи од корона.
Њујорк Тајмс на насловната страница објави еден отсто од тие случаи, а во поднасловот пишува дека тоа не се само имиња на листа.
– Тие луѓе беа меѓу нас – истакнува Њујорк Тајмс.
The front page of The New York Times for May 24, 2020 pic.twitter.com/d14JhFp4CP
— The New York Times (@nytimes) May 24, 2020
The post Насловната страница на Њујорк Тајмс со имињата на 1.000 лица починати од коронавирус appeared first on Слободен печат.
Насловната страница на Њујорк Тајмс со имињата на 1.000 лица починати од коронавирус was first posted on мај 24, 2020 at 10:36 am.