-1.2 C
Скопје
04:14 - 19 декември, 2024

Нашите први соседи се наши први пријатели

Многу се неверојатни нашите ефемерни приказни на нашите „задрогази“ националисти – „вемеровци“. Секогаш кога немаат јасна тема и одговор за реалните проблеми во нашата земја, секогаш се фаќаат „за стап“ и, многу предвидливо – удри по првиот географски комшија. Не смееме да си дозволиме да мислиме дека времето на војни е тука околу нас. И мораме сите да влечеме напред – тие предрасуди што војните од минатото ни ги наметнаа – да ги елиминираме кавгите, да седнеме и разговараме и да ги решиме историските разлики.

Јас немам сомнеж дека националистичката матрица во другиот секогаш гледа како на непријател. За нив непријателот е секогаш близу. Урхо Кеконен, финскиот премиер, рече нешто што мене многу ми се допаѓа: „Паметни народи имаат пријатели близу, а непријатели далеку“. Во случајот наш, но и во регионот, непријателите се близу, а пријателите се далеку. И многу важно, изминативе десет години на власт беа луѓе што секогаш играа на карта „политика на војна“.

Тие немаат никаков интерес за војната да се зборува поинаку, кога велам „за војната“, мислам на минатото; туку токму напротив, тие ја цементираат сликата од минатото – соседот e вечен непријател – за да можат себе да се одбранат или својата политичка позиција од тоа време. Ништо не се прави тоа да се промени, а притоа, на таквата позиција бараат и власт на следните избори. Чисто безобразие!

Многу е важно и тоа да се каже: односите меѓу народите се дифузни, со големи амплитуди горе-долу, и тие не се еднаш засекогаш зададени. И тажно е тоа што во нашата земја десницата ги претставува Бугарите како наши вистински, дури и вековни непријатели. Е, таквата реторика нив им дава легитимитет „тие нас да нѐ бранат“, или да нѐ бранат од некакви „историски непријатели“.

Да повториме една прастара лекција од „општа култура“: вие на соседите секогаш може да гледате како непријател ако таа позиција ја одберете, или таа вас, сосема сеедно; но тоа е нездрава позиција. Никој не е осуден на тоа да ви биде засекогаш пријател или непријател, и сето тоа зависи од она како ќе се постават елитите во дадениот момент. Таму каде што нема нерасчистени ситуации, таму каде што нема едни-на-други нешто да им дрпнат и украдат, таму нема ниту некоја особена кавга и непријателство. На крајот на краиштата, погледајте го односот на Франција и Германија пред да влезат во сојуз и да ја оформат Европската Унија. Па тие луѓе буквално триста години се убиваа. Жртвите од таквиот конфликт се броеше во милиони. Ако за тоа ви се потребни дополнителни информации, можете слободно да ги прочитате во книгите на Макс Хејстингс, голем и релевантен историчар што го опишува дострелот од Првата и Втора светска војна и нејзините последици.

Сакам да кажам дека фигурите на непријателите во суштина се менливи, ако се менливи, ако се привремени, тоа значи дека се арбитрарни. Така што, вие имате непријатели ако сакате да имате, а ако сакате да имате соседи, и тие вас, е тогаш ќе имате соседи.

Соседите не може да ги избирате, соседи се оние што реално се тоа, соседи се оние што живеат непосредно тука покрај вас, и ако вие барате најдобри соседи, пријатели, роднини, некаде далеку од вас, ако ги барате некаде во руските степи или во американските „прерии“, вие нема да ги добиете. Вие може некој што е далеку од вас да го проектирате и да го идеализирате, или некој што треба да биде ваш покровител…

Одговорни и зрели држави се оние што сфаќаат дека нивни вистински пријатели се нивните први комшии. Погледнете ги скандинавските земји. Погледајте ги скандинавските земји како меѓусебно соработуваат, не се ниту тие без историски оптоварувања, не им било секогаш идилично и убаво на Скандинавците, имале и тие сешто во историјата, ама тоа го оставиле зад себе. Значи дошле до тој степен на свест дека соработката е добро за сите нив. Ако е добро за сите, тогаш ќе биде добро и за секој поединечно. Ако мене некој ме праша, јас мислам дека скандинавизација на Балканот е најдобриот предуслов за нормален и просперитетен живот за сите нас.

Одбивам да бидам жртва на старците и нивните историски инхибиции, лаги и шприцања од минатото, кои ќе им служат за конституирање на денешнината. Јасно ми е дека тие се растени во војни, во нетолеранција и во релативна сиромаштија. Сето тоа јас го прифаќам, но не сакам да ми ја полнат главата со нивните историски лаги. Историјата, во крајна линија, ја пишуваат победниците, а знаеме и тоа дека нема никаде на светот „историја на факти“. Освен можеби на Харвард. Ама, како што знаме, Харвард е далеку, и да видиме што ние денес имаме овде и сега, па следствено на тоа, мора да го решаваме.

Се сеќавам, некаде во деведесеттите, во книгите за основно училиште, што значи во книгите што се допираа до историјата, на прашањето што се случило во таа и таа војна, авторот одговара, „прашајте си ја вашата мајка и татко што всушност се случило“. Што значи дека дури и тој автор што пишувал историски книги, не се осмелил да даде свој суд за она што навистина случило.

На крајот, нормален и политички став е дека Република Северна Македонија и Република Бугарија во име на европските вредности ќе изнајдат – мора да изнајдат – решение за историјата. Да одиш напред, а цело време да гледаш назад, тоа е погрешно. Да не ја повторуваме историјата, оти секое повторување сѐ повеќе ќе нѐ чини.

The post Нашите први соседи се наши први пријатели appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....