2.8 C
Скопје
03:49 - 24 декември, 2024

Наместо „Мој термин“, виртуелни лекарки консултации на „Скајп“

Вонредната состојба во државата заврши, но во здравствениот систем се уште трае поради што и понатаму се одложуваат лекарките прегледи на пациентите кои не се сметаат за итни. Матичните лекари апелираа дека ова одложување трае премногу долго, односно дека мора да се најде начин како хронично болните пациенти да дојдат до лекар специјалист, бидејќи одложувањето на прегледите четири месеци може да ја загрози нивната здравствена состојба. И додека некои лекари чекаат системот да најде решение, други сами преземаат акција.

Таков е случај со нашиот познат ендокринолог Горан Петровски, кој иако престојува и работи во Катар, преку социјалните мрежи организира, како што ги нарекува, отворени разговори за дијабетес 1 и ковид-19 со пациентите од земјава. Следната ваква сесија е закажана за 28-ми овој месец и пациентите кои имаат интерес може да најдат повеќе информации на неговиот профил на Фејсбук.

Д-р Петровски објаснува дека пандемијата со ковид-19 ги натера здравствените работници низ светот да најдат нов начин на комуникација со пациентите, а со тоа да го променат начинот на давање на здравствени услуги, како што се он-лајн или виртуелните консултации.

– Сведоци сме на пандемија која комплетно го менува светот. Традиционалните прегледи кај специјалист беа прекинати како превентивна мерка за заштита од пандемијата, но тоа повлече друг проблем, особено кај пациентите со хронични состојби, како што е дијабетесот. Дел од центрите за дијабетес започнаа виртуелни консултации со цел да им помогнат на лицата со дијабетес. Како дополнување на стресот и состојбата со пандемијата, тие дополнително треба да земат во предвид дали имаат доволна количина на инсулин, ленти за мерење на шеќер, а на сето тоа да го мерат шеќерот неколку пати на ден и да даваат инсулин неколку пати на ден. Тоа може да биде тешко, но и предизвик во справување со новата реалност. Лицата со дијабетес имаат прашања, а ние сме должи да им одговориме и да им помогнеме – вели д-р Петровски за „Слободен печат“.

Тој објаснува дека со неговите пациенти има традиција, повеќе од 15 години, на комуницирање преку социјалните мрежи.

– Иако не сум во Македонија, со дел од пациентите останав во контакт и се трудам да им помогнам колку што можам. Како еден вид на поддршка за пациентите беше и издавањето на книгата ‘’Тип 1 дијабетес, ние можеме’’ во декември 2019, помогната од здруженијата за лица со дијабетес Баланс МК и Алегрија. По сите пораки и прашања од пациенти што ги добивав преку социјалните мрежи за време на пандемијата, почувствував потреба за дополнителна комуникација како стручен совет, во вид на он-лајн разговори, преку социјалните мрежи, конкретно преку Skype Meet Now – објаснува нашиот соговорник.

Пациентите покажуваат огромен интерес за овие разговори. Иако скоро сите информации се достапни на интернет, сепак, директната комуникација ги прави пациентите, а и здравствените работници посигурни во донесување на одлуки. Прашањата кои ги поставуваат пациентите се различни, од тоа како да се заштитат од пандемијата, како да се справат во определена ситуација, корекција на доза на инсулин и сл.

– Младите лица со дијабетес многу добро се снаоѓаат со технологијата за дијабетесот, која за жал е лимитирана во Македонија. Глукозните сензори кои го мерат шеќерот во поткожното ткиво, имаат опција за складирање на податоците во реално време, on-line на cloud сервер, што нас, здравствените работници ни овозможува директен пристап. Од друга страна новите инсулински пумпи со автоматска подесување на инсулинската доза, исто така се поврзани на интернет, ги прават овие консултации поедноставни и поуспешни. Можам да кажам дека повеќе од 70 отсто од пациенти во мојата клиника во Карат ги користат овие технологии, а со тоа и успехот е загарантиран. Дијабетесот како состојба може да биде идеална за он-лајн консултации, бидејќи уредите што се користат (инсулинска пумпа, глукозен сензор, Bluetooth инсулинско пенкало или глукометар) може да ги пренесат податоците он-лајн – објансува д-р Петровски.

Според него, овие виртуелни консултации може да помогнат многу во справување со дијабетесот, но не можат да ги заменат традиционалните прегледи кај лекар и пациентите треба да направат определени испитувања на годишно ниво. Од друга страна, физикалниот преглед, односно прегледот на органи и системи (места на инсулинка апликација и сл), потребно е исто така да се направат во присуство на пациент.

– Овие виртуелни консултации може да служат како контролни прегледи. Морам да напоменам дека последните месеци, заедно со мојот тим работевме на нова програма за поставување на инсулинска пумпа без физички контакт со пациент, односно он-лајн, и можам да кажам дека е успешна. Неколку пациенти веќе уживаат во придобивките на новата инсулинска пумпа, а поставувањето го направивме он-лајн вo домашни услови – објаснува Петровски.

Дијабетесот е хронична состојба, која доколку не се превземе активносност на време, за жал може да доведе до сериозни компликации. Доколку веќе постојат дијабетични компликации, овие лица се изложени на ризик, не само од Ковид-19, туку и од други инфекции. Лицата кои имаат регулиран дијабетес и се грижат за своето здравје, не се изложени на поголем ризик за разлика од останатата популација. Доколку настане определена инфекција, потребно е да се следат препораките за време на болест и да се консултира здравствен работник.

 

The post Наместо „Мој термин“, виртуелни лекарки консултации на „Скајп“ appeared first on Слободен печат.


Наместо „Мој термин“, виртуелни лекарки консултации на „Скајп“ was first posted on јуни 24, 2020 at 11:42 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....