3.8 C
Скопје
22:08 - 20 декември, 2024

Нам ни требаат брзи избори

Има земји во кои бавно се учи, а брзо се заборава. Еве, не поминаа ниту цели четири години, по сѐ што направи за нас, од Преспа, Бугарија и влез во НАТО, на Зоран Заев му дадовме „скратен мандат“, не го оставаме да биде ниту четири години премиер, притоа, на Северна Македонија ѝ  oвозможивме и техничка влада – опасно демократски се луксузираме! – па, следствено на тоа, денес се наоѓаме на прагот на предвремени парламентарни избори.

Причина? Чист јавен интерес; Заев ја депонира својата оставка – за оние што заборавиле или бавно учеле – се постигна договор за да се оди на избори на 12 април, па се создаде техничка влада која требаше ди ги спроведе тие избори во фер и демократска атмосфера. Настапи коронавирусот, затоа што никој не можеше тоа да го предвиди, или можеби никој доволно не гледа на гравчиња, а исходот од пандемијата на сите добро ни е познат.

На другата страна, пет месеци од депонирањето на оставката на Заев, се наоѓа главниот конкурент за премиерската функција со име Мицкоски, вреска по цели денови, бара избори, а моли бога да нѐ ги добие, свесен дека не постои ниту малцински, ниту мнозинско парламентарен состав во Собранието, свесен дека не постои ниту еден релевантен законодовец во земјата, свесен (веројатно?!) дека демократијата е компромитирана!?

Денес и овде, ние имаме недостаток од вонредни клучни претпоставки за предвремените парламентарни избори во нашата парламентарна демократија, ама многу мал број луѓе ги забележува тие претпоставки, затоа што сите сме „истренирани“ дека меѓу законот, духот и демократските стандарди на една страна, и бестијалната волја (или зловолја) на Христијан Мицкоски на другата страна, ќе добијат оние што се за законот, духот и парламентарна демократија.

Да, така ќе биде! Сите знаат дека за нормална и просперитетна земја во „новата состојба“ изборите треба да ги распише Собранието, ама бидејќи состојбата е вонредна – обратно од нормална – изборите ги распишува Владата со указ. И до тука е сė јасно. Но што е толку спорно и зошто толкав бес и вресок од опозицијата?

Христијан Мицкоски знае дека со поразот на изборите, една цела десетгодишна гарнитура која ја парчосуваше земјата ќе биде збришана од политичката сцена, притоа, да бидам јасен, не мислам во физичка, туку во идејна смисла. Вокабуларот им останува ист, а штом пораките и реториката во јавноста се исти, тогаш и техниката на владеење ќе им биде иста. Тука не треба никој, барем малку писмен, да има сомнеж. Притоа, има прастара дефиниција за „политичкото“ кога некој или нешто треба да ни открие: само пуштете го да зборува и веднаш ќе видите што сака и што сонува.

Сакам да кажам дека политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, вака како што е форматирана, е длабоко авторитарна, негува силно непријателство кон демократските процедури и демократските стандарди, очигледно е дека има патолошка омраза кон плурализмот и елементарното ограничување на бестијалната самоволја, и ако само за момент и овозможите најмал маневарски простор, таа уште како ќе се размавта.

Во некоја друга политичка култура, сигурен сум дека таа партија ќе наиде на многу поголем политички отпор, најпрво од неа сама, ќе се побунеше некоја нивна видна партиска величина, ќе алармираше дека така на власт не се доаѓа, без цел, без програма, без јасен став каде сакаш да ја водиш оваа земја и нејзините граѓани, и во конечната пресметка тоа би било здраво за самата демократска структура во таа „десничарска“ партија, но тоа во оваа земја не се случува.

Сите го возат „посткомунистичкиот“ филм дека баш власта е таа која е најодговорна, и така е, власта е најодговорна во една земја, ама ако се знае да се гледа и чита: Северна Македонија нема власт, туку има техничка влада речиси половина година, а тоа е далеку од власт. Северна Македонија нема ниту репрезентативно Собрание, нема ниту еден релевантен законодавец, и драматургијата да биде уште по меланхолична, Северна Македонија има вирус корона. Па, мислам, коцките не можеа подобро да се склопат, зарем не?

Сега, имено, треба да одиме на избори. Конечно време е да се види кој и на каков начин се справуваше со кризата од коронавирусот, барем од анкетите кои се релевантни, гледаме дека на Заев му следи нов четиригодишен мандат и му следи далеку поконфорна позиција од претходната. И нека му следи нов четиригодишен мандат, тоа уште како го заслужи. Првпат во историјата на оваа земја имаме луѓе кои ни нудат шанса која може да ја прокоцкаме уште утре. Да не се коцкаме премногу, нема многу земји кои имале повеќе од две шанси во својата историја. Во една земја ние може да се подигаме или да паѓаме. И овој пат, изборот е само наш.

The post Нам ни требаат брзи избори appeared first on Слободен печат.


Нам ни требаат брзи избори was first posted on мај 16, 2020 at 11:00 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....