-0.2 C
Скопје
18:04 - 22 декември, 2024

Најстарата манекенка и во 9-та деценија остава без здив

Својата кариера ја градела многу одама, така што многумина од вас кои читате не сте биле ни родени. Има 88 години, а и понатаму активно се занимава со манекенство и гази на модните писти. Оваа Американка со унгарско-италијански корени, во светот на модата запловила на 14 години, а на 16. била на насловна на „Вог“.

– Излегов од автобус и на насловна на „Вог“ во една трафика се видов со детска фризура, -изјавила таа.

View this post on Instagram

Первая обложка Кармен! Обложка журнала “Vogue” напечатанная в октябре 1947г. После этого она стала одной из четырёх самых юных моделей данного журнала. #vogue 😻💃🏻 Сама Кармен была не в восторге от этой фотографии: «Отчетливо помню, как, сойдя с автобуса, увидела связанную веревкой стопку журналов около газетного киоска. Взглянув на свое изображение, залилась слезами. Я просто ненавидела этот снимок: мои волосы были стянуты в пучок, и я была похожа на мальчика». #women #girl #womensfashion #fashion #carmendellorefice #carmen #orefice #moda #model #wow #wonderful #beauty #beautiful #love #voguemagazine 💋

A post shared by • Carmen Dell’Orefice • (@carmendellorefice_fun) on

Во младоста била висока 180 см и сметала дека е грда бидејќи била многу слаба за тоа време.

-Воопшто не ме интересираа машки, кратко одговорила Кармен.

View this post on Instagram

💁🏽‍♀️

A post shared by Carmen Dell’Orefice (@carmen_dellorefice) on

Но, сепак успеала да заведе бројни господа, па позади себе има три пропаднати брака и една ќерка Лаура Мајлс. Оваа баба признава дека и покрај тоа што постојано била ангажирана како манекенка се случувало да остане без денар во џебот, па дури да нема ни за храна. Двапати банкротирала поради тоа што вложувала на берза и двапати „се кренала од пепелта“.

Таа одамна кренала раце од фарбање, а тврди дека не ни помислува на трендот на пластична хирургија.

– Не знам дали сум смешна или глупава што излегувам на писта, ама знам дека тоа го правам добро, уживам и сакам да го правам, – изјавила  Кармен со надеж дека ќе умре на писта со потпетици.

View this post on Instagram

👵🏼👩🏼

A post shared by Carmen Dell’Orefice (@carmen_dellorefice) on

The post Најстарата манекенка и во 9-та деценија остава без здив appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....