2.8 C
Скопје
20:00 - 23 декември, 2024

Надеж плус за пациентите со ковид-19: Озонот и крвната плазма ново оружје против коронавирусот

На Институтот за трансфузиона медицина во Скопје веќе почна постапката за одделување на крвна плазма од луѓето што оздравеле од ковид-19. Плазмата се одделува со високо софистициран клеточен сепаратор, а постапката трае од 40 до 60 минути. За ова време се издвојуваат 300 до 600 милилитри плазма, а останатите компоненти му се враќаат на донорот. Плазмата што е дарувана е течниот дел на крвта кој брзо се надокнадува. Дарител може да биде човек на возраст од 18 до 60 години, со телесна тежина поголема од 60 килограми, кој има оздравено од инфекцијата ковид 19 доколку ги исполнува стандардните услови за дарување крв, но и некои дополнителни критериуми.

Конвалесцентна плазма може да даруваат оздравените пациенти што имаат документиран лабораториски доказ дека биле болни од Ковид 19, мора да имаат два негативни теста во рок од 24 часа, да се минимум 21 ден без симптоми, по што се прави трет тест дека нема присуство на вирус. Во крвната плазма на лицето кое било излечено од ковид 19 има антитела што организмот ги создал за време на борбата против болеста. Ваквата терапија се покажала како ефикасна во борба против болести како САРС и ебола. За жените што ќе даруваат плазма, а кои родиле дете, ќе се направи и дополнително испитување за одредување на други антитела. Како и секој друг процес на крводарителство, на сите дарители ќе им биде направено и лабораториско испитување за да се потврди дека немаат Хепатит Б, Хепатит Ц, ХИВ или сифилис.

Во градската болница „8 Септември“ пак, почна да се применува озонска терапија. Оваа терапија како што најави министерот за здравство Венко Филипче, нема докази дека помага, но има докази дека сигурно не одмага. Причина за тешката клиничка слика кај пациентите со коронавирус е недоволната оксигенација на крвта. Се смета дека со оксигенирање на озон, една количина на крв може подобро да ги оксигенира ткивата во повеќе органи во организмот. Во „8 Септември“ од вчера има и апарат за озонска терапија, бидејќи публикации од некои земји покажале дека оваа терапија помага. Тим анестезиолози од болницата 8 Септември направил детална анализа на обемна литература и заклучил дека вреди да се направи обид и оваа терапевтска мерка да се аплицира кај пациентите со ковид 19.

-Станува збор за метода со која се озонира една одредена количина на крвта која се вади од пациентот и потоа се враќа во неговата циркулација. 15 милилитри од крвта се вадат, се озонираат и се враќаат во циркулацијата и тоа може да се повтори неколку пати во денот. Се подобрува способноста на крвта да однесе кислород до ткивата каде е тоа потребно. На тоа се должат добрите резултати, тоа е механизмот на делување, најави министерот.

Озонската терапија нема да биде единствената што се употребува за заразените од коронавирус, но ќе биде уште една нова надеж. Во земјава веќе се достапни сите методи кои што се употребуваат и во светот за борба против болеста Ковид 19, а според симптомите и карактеристиките на секој пациент, се дава под лекарски надзор различни комбинации на лекови, меѓу кои сумамед, лек против маларија, лек против ХИВ, ебола, зависно од тоа кој каква клиничка слика има.

Според категоризацијата на ризикот од Светската здравствена организација се проценува дека ризикот за понатамошно ширење на Ковид 19 во земјава е многу висок. На сила се повеќе мерки за спречување на понатамошното ширење на вирусот, меѓу кои полициски час, забрана за групирање, задолжително носење маска на затворен простор и надвор, држење 2 метри дистанца. Маската за една употреба не смее да се користи повеќе пати, да не се допира со нечисти раце и да се внимава со манипулацијата со заштитната опрема за да не се случи контаминација со вирусот, се дел од препораките на здравствените власти.

The post Надеж плус за пациентите со ковид-19: Озонот и крвната плазма ново оружје против коронавирусот appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....