22:30 - 22 декември, 2024

На Македонија и се потребни итни правосудни реформи: Жешкиот костен овојпат е во рацете на Маричиќ

Големи реформи во правосудниот систем на Македонија синоќа најави старо-новиот премиер Зоран Заев при промоцијата на новиот владин кабинет. Тој истакна дека приоритети на новата влада, меѓу другото, ќе се и судските реформи. Токму судството е „рак рана“ на земјава цели три децении. Не само од домашните, туку и од европски и светски стручни институции посочуваат дека во македонското судство не треба да се спроведе само ветинг, туку и големо „проветрување“ за да еднаш во Македонија почне да се дели правдата според Кривичниот закон.

Овој жежок костен овојпат му падна на новиот министер за правда Бојан Маричиќ. Тој и неговиот тим ќе треба буквално од „темели“ да го реформираат корумпираното и сега веќе светски познатото македонско „сваровски судство“, во кое судски предмети наместо преку АКМИС системот се делеле на подобни и верни судии под рака, а како што јавноста можеше да слушне од „бомбите“, со дарови и партиска припадност се купувало вниманието и напредокот во работната-судска кариера и се носеле пресуди.

Македонија помина низ сериозно назадување во поглед на независноста и самостојноста на правосудните институции, а тоа беше предизвикано од најгрубото мешање на извршната власт, смета професорот по право Владо Јосифовски.

– Македонското судство мина низ една силна партизација, а нема да згрешам ако кажам, во некои негови сегменти е нарушена елементарната институционална стабилност и можноста за доделување на правда. Се применуваше селективна правда. Загрозени беа и се правата и слободите на граѓаните. Ова дотолку е болно што оваа неправда се случува токму од институциите кои треба да ги бранат обвинетите, граѓаните и да ја делат правдата. Разнишаната позиција на правосудниот сектор одамна ја има доведено под знак прашање и заштитата на слободите и правата на граѓаните во Македонија – тврди Јосифовски.

Притисоците кои со години наназад се вршат врз судството и обвинителството произлегуваат од различни институционални и вонинституционални центри на моќ, тврди неговиот колега Никола Стојанов.

– Врз судиите и судството,  притисок, закани, уцени и политичко влијание вршеше извршна власт, градоначалници, медиумите, роднински и пријателски кругови, бизнис елитата и низа други. Политичката волја стана клучна за „независно“ судство, а токму таа и пресудна за тоа каква пресуда треба да изрече еден судија во одреден предмет. Затоа не само што треба, туку под итно се потребни реформи во судството кои се приоритет за приближувањето на земјава кон Европската Унија и од нив во голем дел ќе зависи какво ќе биде судството во иднина, а со тоа спроведување на правдата во земјава. Претседателите на судовите треба да го претставуваат судот и да ги вршат судско-административните работи, без да се мешаат и дават насоки во процесот на одлучување по конкретен предмет на друг судија. Еднаш засекогаш треба да се направат реформи после кои судството ќе закрепне, ќе биде самостојно, независно и ќе биде спроводител на правдата. Политичарите ротираат на своите функции на секои четири години, а судиите и граѓаните не. Судиите на крајот на денот се тие кои на нас граѓаните треба да ни докажат дека имаме правна и ефикасна држава – вели Стојанов.

Тој додава дека постапката за редовно и вонредно оценување на судиите и јавните обвинители треба да биде јавна, а не од интерен аспект, за да нема ургенции и влијанија при стручното и професионално оценување на работата на еден спроводител на правдата.

Кај нас Уставот предвидува дека „судијата се избира без ограничување на траењето на мандатот и не може да биде преместен против својата волја” како и дека „судијата се разрешува поради потешка дисциплинска повреда што го прави недостоен за вршење на судиската функција пропишана со закон и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција под услови утврденисо закон“.

Основите за разрешување на судијата се поради сторена потешка дисциплинска повреда што го прави судијата недостоен за вршење на судиската функција и поради нестручно и несовесно вршење на судиската функција.

The post На Македонија и се потребни итни правосудни реформи: Жешкиот костен овојпат е во рацете на Маричиќ appeared first on Слободен печат.


На Македонија и се потребни итни правосудни реформи: Жешкиот костен овојпат е во рацете на Маричиќ was first posted on август 20, 2020 at 1:01 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....