0.8 C
Скопје
06:27 - 22 ноември, 2024

На кој јазик ќе се судат Македонец и Албанец, отвора дилема Министерството за правда

Сепак ќе се чека Владата да ги разгледа забелешките од Венецијанската комисија, за евентуално потоа одредбите од Законот за употреба на јазиците да се вметнат во новиот Закон за парнична постапка, додека во истиот период се подготвува и нов Закон за кривична постапка.

– Одредбите за јазикот во постапката би требало да се усогласат со Законот за употреба на јазиците, но прашањето е во моментов отворено со оглед на мислењето на Венецијанската Комисија, се забележува во нацрт-текстот на Законот за парнична постапка.

Ќе влезе ли двојазичноста во судница преку новиот ЗКП?

Во него се наведува дека е нејасно дали со одредбата од членот 9 став 2 од Законот за употреба на јазиците ќе може да се спроведе постапката, како и на кој јазик ќе се води постапката ако има во постапката лице на коe македонскиот јазик му е мајчин јазик и лице на кое јазикот кој го зборуваат најмaлку 20% од граѓаните на РСМ?

Во можните одговори, пак, предлагачот на текстот, Министерството за правда, отвора уште повеќе дилеми: дали на двата јазика ќе се води постапката бидејќи е употребен сврзникот “И”, и дали ако во постапката има макар еден субјект на кој македонскиот јазик и писмо му е мајчин јазик нема да му биде повредено правото ако постапката се води на друг јазик кој го зборуваат најмалку 20% од граѓаните на РСМ?

Од Министерството за правда додаваат дека има потреба од нов Закон за парчнично постапка поради поедноставување и забрзување на доставата, текот на постапката, докази и изведување на докази, одредување на вештачење, подготвување на главната расправа заради ефикасна главна расправа, зголемување на прагот за ревизијата како вонреден правен лек во услови на разработени основи каде ревизија е секогаш можна, поефикасна постапка кај споровите од мала вредност, вградување на заштитата на колективните права и интереси, како и усогласување со други поврзани закони.

Инаку Венецијанската комисија забележа дека Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални обврски на институциите, особено што се предвидува употребата на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена. Законот беше испратен на мислење до Венецијанската комисија откако веќе беше усвоен во Собранието.

 

 

 

The post На кој јазик ќе се судат Македонец и Албанец, отвора дилема Министерството за правда appeared first on Слободен печат.


На кој јазик ќе се судат Македонец и Албанец, отвора дилема Министерството за правда was first posted on октомври 9, 2020 at 1:28 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....