4.8 C
Скопје
21:33 - 26 декември, 2024

На граница нема да се мери ни температура: Короната доби „виза“ за влез во Македонија

Македонската влада одлучи од задутре да ги отвори границите за слободен влез и излез од земјава за граѓаните на Македонија, како и за тие кои сакаат само да транзитираат низ неа. Укинати се условите за влез, односно нема да се бара ни ПЦР тест не постар од 72 часа, каков што им се бараше на тие кои сакаа да влезат во земјава. На границите нема да има поставено термални камери за рано детектирање на евентуално сомнителните заболени од Ковид-19. Нема да има ниту лица со заштитни скафандери кои на тие кои ќе влегуваат во Македонија на премините ќе им мерат телесна температура.

Во земјава ќе може да влезе секој. Ова се случува во период кога со денови бројот на заболени од Ковид-19 на дневна основа во Македонија никако да се спушти под 100 новозаболени. Во изминативе денови, пред тотално да бидат отворени границите за нашинците кои се во странство, откриени се три случаи на заболени од коронавирус, односно три лица кои допатувале во земјава и кои веќе се под надзор на здравствените власти.

Отварањето на границите на голема врата ја остава можноста без одредена контрола во земјава да започне „увоз“ и „извоз“ на коронавирусот. Во екот на летната сезона, кога границите ќе бидат отворени се очекува враќање на гастејбајтерите, иселениците но и на тие кои ќе сакаат да го дадат својот глас на претстојните парламентарни избори закажани за следниот месец. Зголемениот повраток на иселениците ја остава отворена можноста на драстично ширење на вирусот и зголемување на бројот на нозаболени. Отварањето на границите за дел од јавноста е политичка одлука. Според нив, оваа избрзана одлука само ќе допринесе за зголемување на бројот на заболените од коронавирусот. Од Владата велат дека отварањето на границите го најавувале подолго време зависно од анализите на Комисијата за заразни болести, а тоа било врз основа на епидемиолошката анализа која се прави и овде и во регионот.

Најпрво ЕУ ги отвори границите за своите членки и тие на тој начин функционираат помеѓу себе, изјави премиерот Оливер Спасовски на денешната пресконференција, одговарајќи на новинарско прашање, во однос на тоа дали одлуката за отворање на границите е поврзана со престојните избори на 15 јули.

– Ние мораме да научиме да живееме со овие мерки и сите заедно да придонесеме за тоа колку е можно повеќе да го држиме вирусот под контрола. Оваа одлука за отворање на границите не е во корелација со изборниот процес, туку во однос на проценките на Комисијата за заразни болести – потенцираше Спасовски.

Премиерот рече дека не е точно оти одлуката била донесена за да се вратат иселениците и да гласаат на 15 јули, туку границите се отвораат поради епидемиолошка проценка направена од страна на Комисијата за заразни болести.

-Тоа е злоупотреба на која било одлука. Во изборна кампања сите сакаат лесно да излезат пред граѓаните и да соопштуваат одлуки кои ги ставаат во корелација со нивните ставови. Јас сепак сакам да ги почитуваме сите оние кои носат одлуки врз основа на анализи, бидејќи така правевме и досега. Одлуката се темели строго на препораките на Комисијата за заразни болести – рече Спасовски.

Владата вчера донесе и одлука од петок (26 јуни), да бидат отворени за сообраќај и Меѓународниот аеродром Скопје и на Аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид. Согласно овие одлуки Владата  донесе и одлука да биде укината забраната за организиран превоз.

The post На граница нема да се мери ни температура: Короната доби „виза“ за влез во Македонија appeared first on Слободен печат.


На граница нема да се мери ни температура: Короната доби „виза“ за влез во Македонија was first posted on јуни 24, 2020 at 2:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....