3.8 C
Скопје
06:27 - 21 декември, 2024

„На Бетон пушти му да плати“ – Пет аудио снимки меѓу Јанакиески и Јанушев за „нашите“ од Италија и Швајцарија

Покрај нормалниот тек на изборната кампања, продолжува и објавувањето на „бомби“ на интернет.

На Јутуб каналот „Обнова на режимот“ повторно се објавија  разговори меѓу носителот на пратеничката листа во изборната единица три, Игор Јанушев и ексминистерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески. На каналот се поставени  пет нови снимки, именувани како „Јанушев 4 чартер летови за ДПМНЕ“, „Резервирајте ако треба и празен нека биде“, „Јанушев и Миле 190 илјади евра Бетон да плати“, „Цени да ги вратат недела попладне“, „Уништување документи Игор Јанушев“.

Во првиот разговор се слуша договор за организирање на летови, за како што велат „нашите“ од Италија и Цирих.

„Дај бе јави се кај некој, четири чартер летови да обезбедиме“, му вели Јанакиески на Јанушев кој одговара: „Кај кого бе шефе да се јавам“?, а Јанакиески продолжува: „Со некои агенции, не знам. Три Италија, Тревизо и еден Цирих“, по што Јанушев прашува: „За нашиве? Италија, Тревизо?“, а Јанакиески вели: „Аха. Да видиме колку пари чини“.

Првиот разговор може да го чуете ТУКА.

Во вториот разговор, се зборува за тоа колку ќе изнесува цената за да се резервираат авионите, но и колку патници ќе можат да пренесат. Во дел од разговорот, Јанакиески му дава насока на Јанушев да резервира втор авион па дури и да биде празен, но е изненаден кога Јанушев му кажува дека тоа ќе чини 150 илјади евра и му кажува да се јави во ‘Виз ер’.

Вториот разговор може да го чуете ТУКА.

Во третиот разговор Јанакиески и Јанушев споменуваат дека вкупната цена за летовите ќе биде 190 илјади евра. По ова, Јанакиески дава насока „На ‘Бетон’ пушти му да плати“.

Третиот разговор може да го чуете ТУКА.

Во посебна снимка објавена на истиот канал се зборува за термините кога ќе ги донесат патниците, а кога да ги вратат назад.

„Уште една работа, што скроз ја заборавив кога ми ги дадоа овие цени. Овие цени се да ги донесат во недела сабајле, да ги вратат недела попладне“, му вели Јанушев на Јанакиески кој враќа: „Добро де, тоа е тоа“. Јанушев продолжува: „Добро ти ми рече сабота попладне да ги донесат.. Ќе ни рипне цената. Океј е?“, а Јанакиески вели: „Да“.

Четвртиот разговор може да го чуете ТУКА.

Во последниот разговор, Јанакиески го прашува Јанушев дали средиле се со документите и картите на што Јанушев одговара „Да, да, средивме се, кај Наде ги оставивме, требаше да ги уништат“.

Петтиот разговор може да го чуете ТУКА.

The post „На Бетон пушти му да плати“ – Пет аудио снимки меѓу Јанакиески и Јанушев за „нашите“ од Италија и Швајцарија appeared first on Слободен печат.


„На Бетон пушти му да плати“ – Пет аудио снимки меѓу Јанакиески и Јанушев за „нашите“ од Италија и Швајцарија was first posted on јули 6, 2020 at 11:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....