Поранешниот колумбиски фудбалер Хуан Диего Гонзалез е убиен на морбиден начин, така што неговото тело е распарчено на делови, спакувано во неколку вреќи и фрлено ви реката Меделин во истоимениот град.
Lamentable Noticia:
El colombiano Juan Diego González Alzate ex jugador de Santos Laguna quien estaba desaparecido fue encontrado muerto con su cuerpo desmembrado en diferentes fundas de basura. pic.twitter.com/sqQQYhyn8m
— Mundo Liga MX (@MundoLigaMX) March 5, 2020
Информацијата ја потврди полицијата откако форензичарите го утврдија идентитетот на Гонзалез, а полковникот Омар Родригез, кој е главен инспектор задолжен за расветлување на овој случај, открил дека фудбалерот бил идентификуван по отисоците на прстите.
Покрај телото на поранешниот фудбалер, е пронајдено уште едно тело, на 19-годишшно момче, но засега не се знае на кој начин е поврзано со Гонзалез.
Полковникот Гонзалез истакна дека полицијата немала сознанија дека некој му се заканувал на несреќниот фудбалер, а порталот „Infobae“ пренесува неофицијална информација дека фудбалерот е убиен поради долгови.
Според полицијата и медиумите во Колумбија, начинот на убиството навестува дека тоа е дело на нарко-картелите во Колумбија.
Страшна вест доаѓа од Колумбија, откако пораешниот фудбал Хуан Диего Гонзалез (40) беше пронајден мртов во Меделин, град каде владеат колумбиските картели.
Телото на Гонзалез било распарчено и поделено во неколку вреќи фрлени во река, а форензичарите едвај успеале да го утврдат неговиот идентитет. Според медиумите од оваа земја, Гонзалес е убиен поради долговите што ги имал кон нарко-картелот што оперирал во Меделин.
Тој во кариерата настапуваше за неколку клуба во Колумбија, а има настапувано и во Мексико, и во Филаделфија.
The post МОРБИДНО: Поранешен фудбалер искасапен на делови, ставен во црни вреќи и фрлен во река appeared first on Слободен печат.