22:45 - 22 декември, 2024

МОН сепак побарало податоци од училиштата: Ќе бараме решение со општините

Министерството за образование сепак побарало сите училишта итно да одговорат колку деца немаат пристап до интернет или немаат комјутер или мобилен телефон за да можат од дома да ја следат наставата за време на вонредната состојба, иако претходно во изјава за „Слободен печат“ оттаму негираа дека имало такво барање. Од МОН велат дека заедно со општините ќе бараат решение образованието да продолжи за сите ученици.

„Согласно Уредбите со законска сила за примена на Законот за основното образование и Законот за средното образование за време на вонредна состојба, наставата во основните и средните училишта се организира преку далечинско учење односно учење од дома, со примена на средства за електронска комуникација. Имајќи предвид дека има ученици во чие место на живеење нема достапен интернет, а има и ученици кои потекнуваат од социјално ранливи семејства и можеби не располагаат со електронски уреди, Министерството за образование и наука заложувајќи се да изнајде решение за сите ученици да бидат вклучени во далечинското учење, се обрати до училиштата со барање да се обезбедат податоци во најкус можен рок. По добивањето на податоците и нивна анализа, заедно со локалните самоуправи ќе се обидеме да најдеме начин воспитно-образовниот процес да продолжи за сите ученици во овој период кога е прогласена вонредна состојба, а за што јавноста ќе биде дополнително информирана“, велат од МОН.

Родителите во повеќе општини вчера попладне преку вибер или месинџер од наставниците добија анкети со 4 прашања за тоа дали имаат компјутер за учење од дома, со објаснување дека податоците итно ги побарало Министерството за образование. Според дадените упатства од наставниците, родителите требаше да ги напишат името и презимето на ученикот, адресата на живеење и општината и да одговорат на прашањата: дали во вашиот дом имате компјутер или паметен телефон (барем еден во семејството), дали дома имате интернет, дали сте корисници на социјална помош и дали имате уште некој проблем со кој се соочувате (на пример, еден компјутер, повеќе деца во семејството).

Заради светската пандемија со коронавирусот Владата од 11 март ја прекина наставата во сите основни и средни училишта и на факултетите за период од 14 дена, а на 18 март претседателот Стево Пендаровски прогласи вонредна состојба во траење од 30 дена. Тогаш Министерството за образование им препорача на образовните уставнови да изнајдат начини со кои ќе ја продолжат едукацијата.

The post МОН сепак побарало податоци од училиштата: Ќе бараме решение со општините appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....