3.8 C
Скопје
09:19 - 21 декември, 2024

МОН без јасен план за настава од септември, како ќе се одвива образованиот процес во соседните земји?

Како ќе се одвива образовниот процес во земјава од септември и понатаму останува енигма и отворено прашање кое ги мачи родителите, но и учениците, кои не знаат дали од почетокот на новата учебна година ќе се вратат во училишните клупи.

Коронакризата се уште трае, а од МОН и натаму се без јасен план за тоа дали новата учебна година да се започне со он лајн настава или не.

МОН: Најпосакувано сценаро е нормализирање на наставата

Неодамна беше изработен концепт за далечинско учење, поточно презентација на Национална платформа за е-учење, чие функционирање би било возможно дури од 2022 година.

Кога станува збор за начинот на продолжувањето на наставата од оваа есен, од МОН ни одговорија дека се во игра повеќе сценарија.

– Најпосакувано сценарио е целосно нормализирање на наставата, односно спроведување на воспитно-образовниот процес како и до пред појавата на пандемијата, или пак, реорганизација на истиот преку редуцирање на бројот на ученици во училница, воведување на смени во училиштата и слично – соопштија од МОН.

И додека состојбата во образовниот систем во Македонија останува нејасна, некои од соседните земји исто така се соочуваат со прoблеми при организацијата на наставата од септември.

Србија размислува за комбинирана настава, во Хрватска учениците без голем одмор

Наставата од септември во Србија би можела да биде комбинирана, што значи дека учениците би имале он лајн часови, но и секоја втора недела би оделе на училиште, најави тамошниот министер за образование Младен Шарчевиќ.

-Ако притисокот и натаму е присутен, но пандемијата стивнува, ќе се подготвиме за комбиниран модел. Тоа практично значи дека ќе има он лајн настава, но ученциите секоја втора недела ќе одат на училиште, за да имаат вежби и дополнителни консултации. Оваа наставна недела практично ќе ја поминуваат како и секоја друга на која се навикнати од минатото – соопшти српскиот министер за образование, а пренесуваат повеќе српски медиуми.

По избивањето на пандемијата, во Србија се воспостави он лајн настава за сите нивоа на образование.

Учениците во Хрватска, пак, веќе се вратија на училиштата, откако по 10 недели седење дома поради коронавирусот властите кон крајот на мај ги отворија сите основни училишта и градинки. Сепак, начинот на кој се одвива процесот сега е многу поинаков од претходно, односно постојат многу построги правила.

Фото: Профимедиа

Како што пишуваат хрватските медиуми, во градинките во оваа земја, родителите секојдневно ја бележат температурата на нивното дете, а возрасното лице кое го носи детето во градинка треба да е од семејството со кое тоа живее.

Во основните и средните училишта пак, доаѓањето на учениците мора да е навремено и точно бидејќи следува темелна дезинфекциска процедура. Целиот наставен процес е проследен со епидемиолошки правила кои бараат чести миења на рацете, како и држење растојание од 1,5 до 2 метри помеѓу децата

Голем одмор нема, нема физичко образование во сала, а нема ниту напуштање на училницата. Се јаде во училница, а во тоалет се оди само еднаш во еден работен ден. Намален е и контактот на ученици од едно училиште со ученици од друга образовна институција.

БиХ без идеја, во Албанија се оптимисти за нормализирање на наставата од септември

Босна и Херцеговина нема утврдено како ќе се одвива наставата од новата учебна година, меѓутоа, според пишувањата на локалните медиуми, постои мал оптимизам дека ќе се случи нормализирање на наставата.

– Доколку епидемиолошката ситуација со коронавирусот не биде поволна кон почетокот на септември, сосема сигурно е дека наставата ќе продолжи да се одвива он лајн – соопшти министерот за образование на Кантонот Сараево, Анис Кривиќ, пред десетина дена за Кликс.ба.

Конечна одлука за тоа како ќе продолжат да учат учениците во БиХ се очекува да се донесе во август.

Спротивно на ова, во Албанија се позитивни дека нормализирањето на наставата ќе се случи кон почетокот на септември.

Албанија од 28 мај до 5 јуни ги отвори училштата за полагање на матурантите, а планот е и од септември да се започне со настава во живо.

Состојбата со Ковид-19 ќе биде пресудна за носењето на конечна одлука

Кога станува збор за другите соседни земји, во Грција, на пример, училиштата и градинките почнаа да функционираат од 1 јуни под специјални правила и услови, поделени во групи, а новата учебна година се очекува да започне на 11 септември, додека во Бугарија исто така се очекува учениците да се вратат на училиште од септември.

Генералниот заклучок е дека речиси во сите соседни земји, како и кај нас, најпосакувано решение е одржувањето на нормална настава уште во септември, меѓутоа, епидемиолошките проценки и текот на пандемијата до почетокот на новата учебна година ќе го дадат конечниот одговор за тоа како учениците ќе го продолжат своето образование.

Редуцирање на бројот на ученици и воведување на смени се дел од сценаријата за почетокот на учебната година од септември

The post МОН без јасен план за настава од септември, како ќе се одвива образованиот процес во соседните земји? appeared first on Слободен печат.


МОН без јасен план за настава од септември, како ќе се одвива образованиот процес во соседните земји? was first posted on јули 17, 2020 at 9:32 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....