
Македонскиот народен театар им овозможи на гледачите на својот Јутјуб канал бесплатно да ги гледаат претставите од својот репертоар.
Вчера премиерно беше емитувана претставата „Сомнително лице“, а за следниот период на онлајн-репертоарот има повеќе претстави.
Денес ќе се емитува претставата „Изгубени Германци“, на 20 март „Парите се отепувачка“, на 23 март е „Да тргнеме Сењор“ и на 24 овој месец „Мајсторот и Маргарита“.
– Останете дома, очекувајте ги линковите за секоја претстава, почитувајте ги препораките, бидете со нас и гледајте нѐ онлајн – порачаа од МНТ.
The post МНТ во вашите домови: На Јутјуб бесплатно гледајте претстави од репертоарот на театарот appeared first on Слободен печат.