02:16 - 10 ноември, 2026

Раде Шербеџија откри како со сопругата ги поминуваат деновите во самоизолација

Раде Шербеџија и неговата сопруга режисерката Ленка Удовички, од неделата се наоѓаат во самоизолација. Познатиот глумец откри како ги поминува деновите.

„Ме радува што нашите здравствени иституции се поставија толку стручно, што е доказ дека сме поставиле некои стандарди во здравството. До мене стигнуваат приказни за пожртвуваноста и стручноста на сестрите и на докторите по болниците, нивната професија е нешто што би морало да се цени, да се наградува и во мирни околности“, изрази благодарност Шербеџија.

„Со оглед на тоа што неодамна патував, кога се вратив дома во неделата, веднаш отидов во самоизолација, како и мојата Ленка. Не поради страв дека ќе се заразиме, туку да го намалиме ризикот од пренесување на заразата и да бидеме дел од општата, превентивна приказна“, порача глумецот.

На прашањето како тој и Ленка ги исполнуваат деновите, рекол:

„Работиме на Крлежа, зашто посакав да ја проширам мојата монодрама „Мојата пресметка со него“ и да ја изведам на Бриони ова лето. Се подготвував за сезоната со „Улис“, пак ќе ја поставиме „Кој се плаши од Вирџинија Вулф“, „Кралот Лир“, „Антигона“, а подготвуваме и една претстава на Ленка во копродукција со Белградскиот драмски театар“, раскажал Раде за српските медиуми.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....