-0.2 C
Скопје
08:15 - 20 декември, 2024

Многу опции се во игра за состав на новата Влада

Во трката за новото мнозинство во игра се и возможни и невозможни коалиции. Според политичките аналитичари, сепак, најверојатно но и најлесно да се стигне до нова влада е таа да биде составена од старо-новата коалиција меѓу СДСМ, ДУИ и ДПА. Александар Кржаловски од МЦМС, смета дека распоредот на силите на овие избори им дава шанса на речиси сите партии да бидат дел од новото мнозинство. Но, тој сепак потенцира дека најлесно се стига до мнозинска влада составена од СДСМ, ДУИ и ДПА.

– Резултатот ќе налага тешки и долги преговори и секакви можни исходи и секако ќе значи прекршување на некои од принципите кои ги декларираа дека никогаш нема да ги прифатат. Сега ќе испадне дека ќе мора нешто или многу од тоа да се прифати. Првата најизгледна коалиција сепак е и досегашната СДСМ и ДУИ, бидејќи најлесно со постојните бројки може да се стигне до мнозинска влада со уште еден или двајца пратеници плус. Меѓутоа што ќе биде со условот на ДУИ за премиер Албанец кој нели е неприфатлив за СДСМ? Но и декларирањето ДУИ да биде во опозиција – вели Кржаловски.

И според политикологот Никола Дујовски СДСМ и ДУИ се партиите кои најлесно можат да формираат нова влада. Тие сами имаат мнозинство. Би можело да се придодаде и ДПА на Мендух Тачи. На останатите партии шансите им се многу помали за формирање на владино мнозинство, вели Дујовски.

– Аргументите се многу едноставни, нема основ да се формира влада на друг начин. Можеби СДСМ има начин да формира влада и со Алијансата за Албанците и Алтернатива и дополнително со ДПА, и со некој друг од пратениците на другите политичките партии. Секогаш има начин и за друга комбинација, но јас реков најбезболно за државата, веројатно и најбрзо да се формира новата влада е со проста математика, 46 -те пратеници на СДСМ и 15-те на ДУИ. Ќе биде тешко, напорно и секако ќе биде горчлив тој процес но, ценам дека СДСМ и ДУИ на крај ќе формираат Влада. Се друго би било непринципиелно договарање на партии кои немаат ништо заедничко во своите програми , СДСМ и ДУИ можеби не се толку различни во програмите – вели Дујовски.

Извори на Слободен печат во коалицијата „Можеме“ велат дека не гледаат причина зошто новата влада да не биде формирана од партиите кои Македонија ја внесоа во НАТО и ја донесоа државата пред портите на ЕУ. Додаваат дека од септември заседавањето со ЕУ го презема Германија, а во меѓувреме канцеларката во заминување Ангела Меркел ќе инсистира во Македонија да има брза влада. Аргумент плус е и тоа што Европа инсистира на проевропски структури наспроти националистички.

Парламентот треба да биде конституиран до 5 август, а веднаш потоа и новата Влада. Начелно, нашите извори велат дека паднал и договор – роковите за новото Собрание и новата влада да бидат скратени. Собраниски извори за Слободен печат велат дека најверојатно конститутивната седница ќе се одржи на 30 јули. Одолговлекувањето на процесот би можел да се случи доколку потешко оди поделбата на ресорите, или пак, за тоа кој ќе стои на чело на парламентот.

Другата опција која ја очекуваат од ВМРО-ДПМНЕ е тие да формираат Влада , но кој ќе биде албанскиот партнер засега не откриваат. Тврдат дека тие се победници и треба да ја формираат новата влада.

ДУИ, пак во јавноста подеднакво им дава шанса и на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ што се виде од вчерашниот статус што на својот фејсбук профил го објави Бујар Османи.

„СДСМ-Беса 46 (42 плус 4), ВМРО-Левица 46 (44 плус 2)“

Во меѓувреме, во партиите официјално никој не потврдува дека ги почнал преговорите. Велат дека има време за преговори, и дека деновиве се одмараат од изборната кампања. Од СДСМ велат дека мандатот за составување на новата Влада е кај Зоран Заев, кој ќе биде и следниот премиер. А, дека идната влада ќе биде позната по верскиот празник Илинден.

„Имајќи го предвид изминатиот период исполнет со корона криза и предизборни кампањи, СДСМ се залага во деновите до и околу Илинден граѓаните да може да здивнат од политичките активности на партиите. После Илинден, согласно законските рокови, влегуваме во процес на дефинирање на владината коалиција водена од СДСМ“, пишува во партиското соопштение на СДСМ.

Од таму информираат дека Заев од утре ќе користи неколку денови годишен одмор кој ќе го мине во државата.

Инаку законските рокови предвидуваат новоизбраното Собрание да се состане на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори или најдоцна до 5 август. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав, Талат Џафери, за кој собраниски извори велат дека најверојатно ќе се одржи на 30 јули.

Во случај да не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите.

Претседателот на Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието да го довери мандатот за состав на Владата на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

The post Многу опции се во игра за состав на новата Влада appeared first on Слободен печат.


Многу опции се во игра за состав на новата Влада was first posted on јули 18, 2020 at 9:58 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....