Григорис Карнезис, капетанот на траектот кој вчера го извлече од вода девојчето кое морските струи го однесоа од грчката плажа во длабокото, утринава прими нов важен повик и доживеа нов шок.
Првиот шок за овој херој следеше вчера, кога од крајбрежната стража доби предупредување дека душекот со детето на него оди кон длабокото. Патниците на неговиот траект кој се приближувал на пристаништето го здогледале детето, а Григорис се замрзнал на секунда, кога дознал дека станува збор за четиригодишно девојче.
– Ни се јавија дека струјата го однела девојчето во длабокото, меѓутоа не знаев дека станува збор за толку младо дете, рекол Карнезис.
Вештиот капетан потоа успеал некако да се приближи и без последици да го извлече девојчето од водата.
Карнезис утринава примил уште еден важен повик и тоа од грчкиот премиер Киријакос Мицотакис лично, за да му се заблагодари за херојскиот чин.
– Сите велат дека би го сториле истото да биле во твојата кожа. Но едно е човек да го каже тоа, а друго да го направи. Ти благодарам, рекол Мицкотакис кога го повикал капетанот.
The post Мицотакис лично му се јави: Грчкиот херој кој го спаси девојчето на отворено море утринава доби важен повик appeared first on Слободен печат.
Мицотакис лично му се јави: Грчкиот херој кој го спаси девојчето на отворено море утринава доби важен повик was first posted on август 25, 2020 at 6:03 pm.