Иако локалното население во Намибија ги нарекува уште и кругови на смртта, а жителите се плашат да им се приближат, овој африкански феномен кој со десетлетија ги збунува научниците во светот е познат и под името вилински кругови. Чудните кругови се појавуваат, а потоа, по неколку десетлетија исчезнуваат. Помалите кругови траат во просек околу 24 години, додека поголемите можат да постојат дури и до 75 години.
И научниците и лаиците шпекулирале дека тоа се остатоци од удар на метеор, места каде што зебрите се фрлаат по земјата, токсините од билката еуфорбиа, бактерии, магнетизам или други енергетски полиња или дури и локализирани радиоактивни места.
До неодамна се сметало дека мистеријата е решена кога германскиот биолог Норберт Јургенс навел дека оваа необична појава е резултат на песочните термити. Претпоставувал дека круговите настануваат кога термитите се хранат, а со растење на оваа заедница во изолираниот екосистем, и обемот на кругот се зголемува.
Неговата теза ја оспориле многу научници кои се занимаваат со овој феномен. Тие тврдат дека термитите се распоредени во неправилни роеви и дека не би биле во состојба да формираат вакви правилни облици.
Засега само едно нешто е очигледно – никој со сигурност не може да ги објасни милионите мистериозни кругови кои се појавуваат во најстарата пустина во светот.
The post Мистеријата на најстарата пустина во светот никој не знае да ја објасни appeared first on Слободен печат.
Мистеријата на најстарата пустина во светот никој не знае да ја објасни was first posted on септември 12, 2020 at 3:15 pm.