-5.2 C
Скопје
05:37 - 25 ноември, 2024

Мелина Меркури – Современата грчка божица

Мелина Меркури е една од најмаркантните жени во Грција и во светот во дваесеттиот век, позната театарска и филмска актерка и успешна политичарка. Улогите што таа ги има толкувано се влезени во историјата на светската кинематографија, додека, пак, нејзиниот ангажман како министерка за култура има оставено длабока трага врз грчката и врз светската култура.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Родена е во Атина, на 18 октомври 1920 година, како Марија Амалија Меркури, за светот едноставно и нагалено Мелина. Потекнува од семејство на политичари, нејзиниот татко Стаматис Меркурис бил пратеник од ЕДА (партија на грчката демократска левица) и поранешен министер за јавен ред и јавни работи, додека нејзиниот дедо Спиридон – Спирос Меркурис бил еден од најомилените и најуспешните градоначалници на Атина, во период од повеќе од 30 години, меѓу двете светски војни. Тој бил нејзиниот идол и покрај него, како негова омилена внука, уште од најмала возраст Мелина учи за демократијата и ја развива својата слободарска природа и независен дух.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Како сестрана и темпераментна личност, уште како средношколка се вљубува во театарот и одлучува да студира глума, на негодување на семејството, посебно мајка ѝ, која смета дека како жена треба да избере „живот со трајни вредности“, што подразбира добар брак, деца и внуци.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Упорна и независна, сепак успева во својата намера, па по завршувањето на средното образование, примена е на факултетот за драма при Националниот театар, каде што и дипломира во 1944 година, во класата на професорот Димитрис Рондирис, еден од најдобрите режисери во тоа време.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Потоа му се приклучува на Националниот театар, каде што почнува со мали улоги, сѐ до 1945 година кога ја толкува улогата на Електра во драмата на Јуџин О‘Нил, „Црнината ѝ прилега на Електра“.
Првиот голем успех го доживува со улогата на Бланш Дубоа во драмата на Тенеси Вилијамс „Трамвајот наречен желба“ во 1949 година.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во годините што следуваат глуми во повеќе претстави на познати автори, но нејзината вистинска трансформација започнува во 1950 година, кога заминува во Париз за да ја продолжи театарската кариера.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Фасцинирана е од ноќниот живот на Париз, од уметничките и од интелектуални кругови каде што ги запознава Жан Кокто, Жан Пол Сартр, Колет, Фансоаз Саган и други, кои влијаат врз нејзиниот понатамошен развој како личност. Глуми во повеќе претстави на париската сцена, со што сѐ повеќе се надоградува како актерка.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во 1953 година ја добива националната грчка награда за театар „Марика Котополи“ и се враќа на сцената во Грција, каде што продолжува да толкува разни улоги од класичниот театарски репертоар.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во 1955 година ја започнува филмската кариера со улога во филмот „Стела“ на режисерот Михалис Какојанис, познат и како режисер на култниот филм „Гркот Зорба“. Филмот „Стела“ добива специјална награда на фестивалот во Кан во 1956 година, но ќе изостане очекуваната награда за главна актерка, иако сите очекуваат да ја добие токму Мелина Меркури.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Сепак, таа година во Кан ќе ѝ се насмевне среќата, затоа што токму таму ќе го запознае својот иден сопруг, американскиот филмски режисер, продуцент и глумец Жил Дасен. Нивниот приватен хармоничен однос се рефлектира и врз заедничката работа, па следните неколку години таа игра главни улоги во повеќето негови филмови, како „Законот“, „Никогаш во недела“, „Федра“, „Топкапи“ и сл.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

За „Никогаш во недела“ во Кан во 1960 година добива награда за најдобра актерка. Филмот, исто така, добива пет номинации за Оскар, како и огромна меѓународна слава.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

По добивањето на наградата, во Кан ќе организираат спектакуларна прослава со повеќе од седумстотини гости од светот на филмот, со најпознатите грчки музичари и танчари, каде што до раните утрински часови, светските филмски ѕвезди во своите вечерни тоалети ќе го играат познатиот грчки танц хасапико.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Интересно е дека филмот е снимен со многу скромен буџет, но со многу љубов, ентузијазам и со несебичен ангажман на сите вклучени. Поради недостиг на финансии, главната машка улога ја толкува самиот режисер Жил Дасен, на инсистирање на Мелина, што ќе се покаже како успешен потег.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Филмот е сниман со здружен доброволен ангажман на актерите, техничарите и статистите, а некои од нивните вечерни дружби во атинските таверни, со неизбежната рецина, звуците на бузуки и грчкото оро хасапико, се дополнително монтирани и влезени како успешни сцени во филмот.
Музиката за „Никогаш во недела“ е на познатиот композитор Манос Хаџидакис и произлегува од импровизирана соработка меѓу режисерот и композиторот, често снимана набрзина, без партитури и ноти, но со многу љубов и ентузијазам и со совршена комуникација помеѓу композиторот и музичарите.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Крајниот резултат на оваа соработка е прекрасна музика, албум што ќе се продава во милиони примероци низ целиот свет, а песната „Децата на Пиреја“, во изведба на Мелина Меркури, ќе стане една од најпознатите и најпопуларни грчки песни.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во годините што следуваат, до 1967 година, Мелина Меркури остварува значителни улоги во филмови на познати режисери од тоа време, а ја продолжува и театарската кариера со брилијантна изведба во драмата на Тенеси Вилијамс „Слатката птица на младоста“ во 1960 година, во режија на Каролос Кун.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Мелина Меркури има остварено улоги во повеќе од 60 драми во Атина и има над 19 филмски остварувања од познати режисери.

Потоа заминува за САД, каде што настапува на Бродвеј, во мјузиклот „Илја, љубов моја“, драмска верзија на филмот „Никогаш во недела“. Таму ја затекнува воениот удар во Грција во април 1967 година.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Како слободољубива личност, со неизмерна љубов кон родната Грција, веднаш се вклучува во борбата против диктатурата. Патува низ целиот свет за да ја информира светската јавност за диктаторскиот режим во Грција, во неуморна кампања за меѓународна изолација и пад на полковниците.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во овие години таа несебично ќе се вложи себеси во борбата против воената хунта, како истакнат, беспрегорен борец и остар критичар на воениот режим. Во тој период властите ќе ѝ го одземат грчкото државјанство и ќе ѝ го конфискуваат сиот имот во Грција, а во неколку наврати ќе организираат неуспешен атентат врз неа. Но, тоа нема да ја спречи. И покрај последиците, таа ќе ја продолжи борбата сѐ до падот на хунтата, преку разни говори, интервјуа, снимки, организирање протестни маршеви, концерти и штрајкови со глад.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Во годините помеѓу 1970 и 1973 година таа продолжува да глуми во филмовите „Ветување во мугри“ и „Пробата“, на нејзиниот сопруг.

По падот на диктаторскиот режим и реституирањето на демократијата во Грција во 1974 година, таа се враќа во Грција каде што ќе продолжи со политичката активност како член на Панхеленската социјалистичка партија (ПАСОК), како еден од основачите на партијата и активистка на женското движење.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Паралелно со политичката активност, таа ја продолжува драмската кариера и по 15 години се враќа на атинската сцена со улогата на Медеја во истоимената трагедија на Еврипид, но и оваа улога ќе ѝ донесе многу контроверзии и името „прогонетата Медеја“.

Во 1977 година Мелина Меркури е избрана за член на грчкиот парламент на ПАСОК, по што таа целата своја енергија ќе ја насочи кон политиката и кон културата.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Нејзината меѓународна слава ќе придонесе за контакти со повеќе европски лидери, што таа ќе го искористи за промоција на туризмот и на културата на Грција.

Во 1981 година, по победата на изборите на ПАСОК, Мелина Меркури е избрана за министерка за култура на Грција, како прва жена избрана на оваа функција.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Оваа должност таа успешно ќе ја врши цели осум години, односно два мандата во владата на Андреас Папандреу, како една од најомилените и најпопуларни политичари во 20 век.

За време на мандатот има остварено многубројни успешни активности во зачувување на грчкото културно наследство, како и промоција на современата култура и образование.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Сите активности и заложби на Мелина Меркури се резултат на нејзината огромна љубов кон Грција, а нејзиниот политички мандат ѝ овозможува тоа да наиде на плодна и успешна реализација сѐ до нејзината смрт на 6 март 1994 година.

Починала во Њујорк, по тешка операција на белите дробови, на 74-годишна возраст.
На 7 март 1994 година, речиси еден милион граѓани од сите општествени слоеви на Атина, во колона од дваесетина километри, се собрале на аеродромот и по улиците и тротоарите на Атина, за да ја пречекаат „современата божица“ и да ѝ оддадат последна почит, обединети во болката и тагата.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Погребната поворка била испратена со огромен последен аплауз.

Погребана е на 10 март во Атина, а нејзиниот погреб е одбележан со сите државни почести.
На крајот, најважно е да се каже дека љубовта на Мелина Меркури кон Грција и грчкиот народ во потполност ѝ е вратена и споменот за неа продолжува да се чува и да се негува.

Дел од активностите на Мелина Меркури за време на нејзиниот мандат како министерка за култура на Грција:

Започнува кампања за враќање на мермерните статуи од Партенон, кои биле изложени во Британскиот музеј, истовремено обрнувајќи посебно внимание на реставрацијата на спомениците на Акропол, со објавување меѓународен конкурс за нов музеј на Акропол.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Објавува студија за интеграција на сите археолошки наоѓалишта во Атина, односно интеграција на историскиот центар на Атина, со цел да се креира археолошки парк, пешачка зона каде што посетителите ќе можат да учат и да уживаат во историјата на градот.

Воведува бесплатен влез во сите музеи и во археолошките наоѓалишта за грчките граѓани, како дел од општото образование на луѓето, посебно младината.

Низ целиот свет организира серија импресивни изложби од грчкото културно наследство и современата грчка уметност.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Дава приоритет на заштитата на грчкото архитектонско наследство, со поддршка на реставрациите на значајни објекти низ Грција, посебно во Атина.

Дава потполна поддршка за изградба на Музичката сала на Атина, Византискиот музеј во Солун, воведува годишни награди за литература, основа градски регионални театри, ја промовира грчката кинематографија, модерните олимписки игри итн.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Едно од нејзините најголеми остварувања е воспоставување на институцијата „Престолнина на културата на Европа“, со изборот на Атина како прва престолнина на културата во 1985 година.

На нејзина иницијатива во 1988 година е остварен Месецот на култура на источноевропските земји, како резултат на соработка помеѓу Европската Унија и земјите на Источна Европа.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Остварува изградба на културен парк на Егејот, со цел да се заштити и да се унапреди цивилизацијата и природната околина на егејските острови.

Го воведува слоганот „Образование низ задоволство“, при што промовира поврзување на културата со образованието преку разни обуки на наставниот кадар, со цел децата да најдат задоволство во учењето.

Фото: Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

Изворот на информации е официјалната страница на Фондацијата „Мелина Меркури“, со дозвола на грчкиот Генерален секретаријат за јавна дипломатија и Канцеларијата за јавна дипломатија при Амбасадата на Грција во Скопје.

The post Мелина Меркури – Современата грчка божица appeared first on Слободен печат.


Мелина Меркури – Современата грчка божица was first posted on октомври 18, 2020 at 12:00 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....