Маж на возраст од околу 50 години си пукал во глава денеска околу 19 часот на скалите пред Домот на Народното собрание во Белград. Според пишувањата на српските медиуми, самоубиството се случило пред голем број очевидци.
Од српското МВР велат дека мажот си пукал во пределот на устата, а починал на лице место.
-Полицијата моментно извршува увид и ги утврдува сите околности околу случувањето, велат од српското МВР.
Полициските службеници не дозволуваат пешаците да се движат во околината на местото, но сообраќајот на Плоштадот Никола Пашиќ се одвива нормално.
The post Маж се самоуби пред Парламентот во Белград appeared first on Слободен печат.