1.8 C
Скопје
11:18 - 19 декември, 2024

Маската е печат антихристов

Признавам дека не сум дел од огромната група луѓе, која во состојба на екстаза ги следи прес-конференциите на министерот за здравство Венко Филипче. Чувствувам дека е ментално нехигиенски секојдневно да се запознавам од прва рака со бројките на заболени и починати. Мое мислење е дека министерот губи премногу време на информирањето на јавноста и дека во овие кризни моменти тој треба да се занимава со многу побитни работи, а прашањата на новинарите би можел да ги одговори и неговиот портпарол. Но, не е страшно и како што досега се одвиваа работите.

За тоа како Македонија се бореше со епидемијата е сè уште рано да се анализира. Во иднина ќе следуваат сериозни анализи и дебати за стореното, а Филипче е човекот што ќе треба да одговара на вистинските прашања. Секако дека на прашањето за тоа како само еден пациент досега што бил ставен на респиратор преживеал, би требало сериозно да размисли пред да го одговори. Исто така, и релативно високата стапка на смртност во нашата земја од ковид-19 ќе треба дополнително да се анализира. Во што е проблемот? Не знам, но сигурен сум дека во иднина јавноста ќе бара одговори токму на овие прашања.

Тоа што можам да го претпоставам е дека за недела или две ќе бидат укинати вонредните мерки во земјава, по примерот на многубројни европски земји. Карантин и забрана за движење во одредени зони нема да има, но на сила ќе бидат препораки за дистанцирање. Самиот министер истакна дека нашето ново „Свето Тројство“ ќе се состои од носење маска, миење раце и држење дистанца. Исклучително остроумна забелешка на Филипче, која сепак предизвика контраефект кај верниците, истите оние што за Велигден чекаа ред за причест од исто лажиче.

Доколку одвоите време за да пробуричкате по Фејсбук групите со имиња од типот, Христијанско братство, Православен сојуз или Бог е со Македонија, ќе се зачудите од тоа во колкав број луѓе сметаат дека Филипче се подбивал со нивната вероисповед. Голем број од нив велат дека сѐ до моментот на спорната изјава, тие го почитувале и му верувале на министерот, а помал е бројот на тие што тврдат дека конечно луѓето виделе за каков човек, всушност, се работи. Коментари ќе повторам има многу, но мене најинтересен ми се виде на еден „искрен“ верник, за кого не само Филипче, туку и самите маски се инструмент на нечестивиот. Неговите „мудри“ мисли ќе ви ги предочам во целост:

„Секој што ставил маска врз своето лице во контекст на ова што ни се сервира, се одрекол од Бог. Овој шупак не смее да спомне свето тројство кога му слугува на ѓаволот. Маската е печат антихристов“, вели верникот, чија анонимност се разбира дека ќе ја почитуваме.

Не знам што би додал на ова „маската е печат антихристов“, освен да прашам „а где је печат“? Или да му бев портпарол на Филипче веројатно на следниот прес ќе му сугерирав наместо „Свето Тројство“, компарацијата да ја направи со „Света Тројца“, па тоа да предизвика теолошка дебата за поимањето на верата и суштинската разлика помеѓу „светите столици“ во Рим и во Константинопол. Овие од Фејсбук поим немаат што значи тоа.

The post Маската е печат антихристов appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....