1.8 C
Скопје
07:20 - 7 октомври, 2026

Еве што значи името X Æ A-12, кое Илон Маск и Грајмс му го дадоа на синот

Илон Маск и канадската пејачка Грајмс во понеделникото го добија првото заедничко дете, а потоа открија дека одлучиле синот да го наречат X Æ A-12.

Сепак, тие нема да можат да го запишат ова име во изводот на детето. Нотарската служба во Лос Анџелес објаснила дека во сојузната држава Калифорнија незаконско е вклучување на симболи и бројки во имињата што се запишуваат во матичната книга на родените.

Законот вели дека во службената документација можат да се појават само букви од абецедата, што значи дека X Æ A-12 ги крши тие правила.

Корисниците на социјалните мрежи веќе со денови се обидуваат да откријат што значи името на детето, а сите недоумици преку Твитер ги реши девојката на Илон Маск.

„Х е непозната варијабпла, а Æ виленски знак за Ai (вештачка интелигенција). А-12 е ознака на нашиот омилен авион СР-17, без оружје, без одбрана, само брзина, одличен во битките, но ненасилен. И за крај А како Архангел, мојата омилена песна“, објаснила Грајмс.

Потоа се огласи и Илон Маск, кој го корегираше нејзиното објаснување. Тој забележал печатна грешка во нејзиниот статус и ја предупреди на тоа, а изгледа дека таа не беше премногу импресионирана со неговиот потег.

„СР-71, ама да“, напиша Маск поправајќи го нејзиното објаснување за нивниот омилен авион, бидејќи ги заменила бројките на ознаката.

Грајмс на тоа не му остана должна:

„Се опоравувам од операција и едвај сум жива, па мислам дека би требало печатните грешки да ми се простат“, одговори таа.

Маск на тоа и напиша дека е силна жена.

Останува да видиме какво ново име сега ќе смислат за бебето.

Twitter

Слични објави

Ќерката на Дарко Лазиќ славеше роденден, а нејзината мајка испрати емотивна порака: „Зошто никој не ми кажа дека ќе ми биде волку тешко?“

Еспресо

Кеба откри детали за свадбата на синот и бремената снаа: Цеца ќе пее, а еве кога ќе биде веселбата

Еспресо

Милица Тодоровиќ проговори за периодот по породувањето: „Ми беше тешко, одам кај психотерапевт и плачам“

Еспресо

(Фото) Синот на Анастасија Ражнатовиќ носи фармерки што чинат и до 700 евра! Бебето е опкружено со луксуз, но има и скапа гардероба

Еспресо

(Фото) Тања Савиќ се спакува и замина од родното Смедерево: Сега покажа како изгледа нејзиниот стан во Белград

Еспресо

Младата Месечина во Вага ќе им донесе среќа на четири хороскопски знаци — ќе започне период на нови можности

К.С
Се вчитува....