22:28 - 22 декември, 2024

Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО)

Францускиот претседател Емануел Макрон повика на забрзана помош за Либан каде што допатува денеска, два дена по разорната екплозија која уништи делови од градот и однесе 145 животи и предизвика сеизмички удар кој се почувствува во поширокиот регион.

Многу работа имаше обезбедувањето кое го штитеше Макрон зошто луѓето го запираа на улица и го молеа да ги спаси од корумпираната власт.

Повеќе од десетици лица се водат како исчезнати, 5.000 луѓе се повредени, а околу 250.000 останаа без домови во катастрофата која ја погоди земјата и онака тешко погодена од економската криза и порастот на случаите на зараза од коронавирус.

Властите очекуваат бројот на жртвите да расте со оглед на тоа дека многумина се уште се затрупани под урнатините.

Макрон е првиот лидер во Либан, земја која има длабоки историски врски со Франција, од драматичниот вторник кога во бејрутското пристаниште одекнаа две силни експлозии.

Вети дека ќе организира меѓународна помош за Либан, но притоа рече дека владата мора да помине економски реформи и да ја запре корупцијата.

„Ако реформите не се спроведат, Либан и натаму ќе страда“, рече Макрон по доаѓањето на аеродромот каде го дочека претседателто Мишел Аоун.

Францијата настојува да ѝ биде потпора на својата поранешна колонија и после експлозијата веднаш испрати неопходна помош, но е загрижена за ендемската корупција и врши притисок врзан со спроведувањето на реформи во земјата во која финансиската криза дополнително се продлабочува.

Слетувајќи на аеродромот во Бејрут, Макрон изрази „безусловна солидарност“ со либанскиот народ и поракач дека на некои политичари ќе мора да им ја каже „болната вистина“.

„Не можеме, а да не си ја кажеме едни на други болната вистина“

„На страна експлозијата, знаеме дека овде кризата е сериозна и вклучува историска одговорноста на сегашните лидери“, им рече Макрон на новинарите.

„Не можеме, а да не си ја кажеме едни на други болната вистина. Ако реформите не се спроведат, Либан ќе продолжи да тоне“, рече францускиот претседател, посебно споменувајќи го енергетскиот сектор и јавните тендери и борбата со корупцијата.

И додека властите причината за катастрофата која го погоди главниот град ја наоѓаат во складирањето на високо експлозивен материјал во неадекватни услови, Либанците прстот го вперуваат токму во политичарите, обвинувајќи ги за лошо управување со земјата и државната корупција која не се намалува со децении.

Макрон беше во обиколка на разрушените делови од градот додека толпата од него бараше крај на „режимот“ кој Либан го одведе во катастрофа и повикуваа на „револуција“.

Макрон го посети пристаништето во Бејрут каде во вторникот експлодираше и го разурна градот/6 август 2020/ Фото: EPA-EFE/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

„Ги гледам емоциите на вашите лица, тага и болка. Затоа сум овде“, ѝ се обрати Макрон на една група луѓе.

Во црна вратоврска, симбол на жалење и опкружен со телохранители, Макрон вети дека ќе испрати дополнителна медицинска и останата помош за Либан, а еден човек му возврати дека се надева дека „помошта ќе ја добијат луѓето, а не корумпираните власти“.

„Но она што е овде потребно е политичка промена. Оваа експлозија би требало да го ознали почетокот на нова ера“, рече Макрон.

Луѓето на улиците го повикуваа да им помогне да се „ослободат од сегашната власт“, но и од проиранската шиитска група која е дел од владејачката структура.

Либанците побараа од Макрон да ги спаси од корумпираната власт/ 6. август 2020/ Фото: EPA-EFE/Thibault Camus / POOL MAXPPP OUT

„Претседателе Макрон, ослободете не од Хезболах“, побараа Либанците.

Либан се соочува со распадната економија, домашни банки во криза, валута во слободен пад, долговите се трупаат, а Макрон на незадоволните луѓе исто така им рече дека „го разбира нивниот бес“ и дека „нема на режимот да му даде бланко чек“.

Светската банка вчера најави дека ќе работи заедно со либанските партнери за да поттикне јавно и приватно финансирање на обновата и опоравувањето. Но засега не е јасно каков учинок ова ќе има на тешките преговори кои земјата ги води со Меѓународниот монетарен фонд.

The post Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО) appeared first on Слободен печат.


Макрон пристигна во Бејрут, луѓето го влечат и го молат да ги спаси од власта во Либан (ВИДЕО) was first posted on август 6, 2020 at 7:14 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....