После успешниот старт на континенталниот собир и триумфот над Украина, денеска погледите се насочени кон вториот настап на нашите најдобри ракометари во Виена против селекцијата на Чешка.
Во рамките од второто коло во групата „Б“, избраниците на селекторот Данило Брестовац имаат шанса со нов триумф да го обезбедат настапот во главната фаза на Европското првенство.
Важни беа бодовите против Украинците, но се покажаа слабостите во играта кои треба да се поправат во наредниот период.
И самиот селектор призна после првиот дуел дека младите бегаа од одговорност и дека грешките треба да се сведат на минимум.
Пивотот на нашата селекција, Жарко Пешевски вели дека одбраната ќе го реши мечот против Чесите. Судии на оваа пресметка ќе бидат Швеѓаните Мирза Куртагиќ и Матијас Ветервик.
ЕП 2020
Група „Б“ (прелиминарна фаза)
2. коло, двојки –
16.00 часот Македонија-Чешка
18.15 часот Австрија-Украина
Табела: Австрија 2 бодови, Македонија 2, Украина 0, Чешка 0.
The post Македонците против Чешка ја бркаат втората победа на Европското првенство appeared first on Слободен печат.