Утринава во 04.54 часот во Македонија и делови од Албанија, силен земјотрес ги разбуди граѓаните.
Епицентарот на земјотресот е 8 километри од Вруток, со јачина од 5.0 степени според Рихтер на длабочина од 8.5 километри.
СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС почувствуван на цела територија на Македонија
За разлика од човекот, се верува дека животните ги чувствуваат и таканаречените примарни бранови на потресите, кои 3 до 4 секунди им претходат на секундарните бранови, односно на ударот. Тогаш стануваат вознемирени, а чувството на страв претходи само неколку секунди пред потресот.
Така, во гужвата од бројните статуси на луѓето кои сведочат за силниот потрес, се појави и видео на кое се слушаат паничните крици од исплашените животни што живеат во скопската зоолошка градина.
Погледнете го видеото:
Животинкиве гревчиња ЗОО Скопје #земјотрес pic.twitter.com/zdqtcAw2ZH
— Marko (@Sylvester_mk) November 11, 2020
Преземено од Слободен печат
The post ВИДЕО: Земјотресот ги исплаши животните, тажни крици одекнаа од скопската зоолошка градина appeared first on Слободен печат.
ВИДЕО: Земјотресот ги исплаши животните, тажни крици одекнаа од скопската зоолошка градина was first posted on ноември 11, 2020 at 6:05 am.