-2.2 C
Скопје
02:56 - 20 декември, 2024

„Макканабис”: Две алтернативи има – или промена на законот или постепено одумирање на канабис индустријата

Здружението на одгледувачи на медицински канабис „МАККАНАБИС” апелира до Собранието, а особено до опозицијата, како што наведуваат во соопштение, да се надминат партиските надмудрувања и што поскоро да се изгласат измените на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции.

– Не знаеме зошто и не можеме да го пронајдеме коренот на проблемите кои произлегуваат од негативниот став на опозицијата кон оваа нова растечка гранка, особено што Законот беше донесен во 2016 година во време кога сегашната опозиција беше на власт. Апелираме за брза реакција и изгласување на измените на Законот, за да ги спречиме непоправливите последици кои ќе настанат доколку не се дозволи извозот на цвет, а со тоа и овозможување на егзистенција на сите лиценцирани субјекти и нивните вработени. Пред нас има две алтернативи: или промена на законот, заземање на водечка позиција на пазарот со канабис и придонес за развојот на економијата на Република Северна Македонија или постепено одумирање на канабис индустријата, се вели во соопштението.

Од Здружението потсетуваат дека вчера Комисијата за наркотични дроги при Обединетите нации ја прифатила препораката на Светската здравствена организација за отстранување на канабисот од Листата IV од Конвенцијата за наркотични дроги и нејзино ставање во Листа 1.

– Ваквата промена ќе придонесе за олеснување на истражувањата на канабисот и зголемување на пазарот на медицински канабис, оценуваат од Здружението, посочувајќи дека се повеќе се зголемува бројот на држави кои ја легализираат употребата на канабисот, додека во земјава легализацијата е заробена во дневно политички пресметки.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....