5.8 C
Скопје
00:36 - 21 февруари, 2026

Лиса Шаќири до лидерот на Левица: Апасиев најдобро е да не им се обраќа на Албанците, сè додека е вака настроен кон нив

Лидерот на Левица, Димитар Апасиев, вчера на неговиот фејсбук-профил напиша статус во кој им се обрати на Албанците во Македонија:

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!? Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира?

Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ!  Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце… Со кое право? Со чие полномошно? Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!

Смрт на фашизмот, слобода на народот,“, напиша Апасиев.

На неговата објава реагираше Лиса Баута Шаќири, м-р по правни науки, во јавноста позната и како сопруга на пејачот Бени Шаќири и ќерка на некогашниот фудбалски судија Беким Баута.

„Драги Албанци, а и Македонци и сите народи што живееме тука.

Г. Апасиев очигледно не може да се помири дека Албанец може да биде министер за надворешни работи. Исто така, Апасиев не може да сфати дека ниту една политичка фигура не смее да преговара за идентитетот на Македонците, ниту па може да одлучи „чиј е Гоце“ или како се вика јазикот на кој зборуваат Македонците. Бугарските власти моментално добиваат некој поен таму кај нивните гласачи со некоја си дебилна реторика, па сега Османи бил крив!

Апасиев треба да сфати една работа, а таа е многу едноставна: се додека е фашистички, национал-шовинистички настроен према Албанците, најдобро е да не им се обраќа!

Нека се присети дека Албанците ниту еднаш, во никаква прилика, не оспориле ниту знаме, ниту јазик, ниту име, а ниту црква!

И пред апелот на Апасиев ние бевме и ќе останеме тука рамо до рамо со нашите сограѓани македонци исто (а дури и по сплотени), како векови наназад!

Слобода на говор, а не говор на омраза!

П.С. Ах да, ова е најбитно: Ние не сме комшии тука, ние живееме под исти кров!“, реагира Шаќири.

Слични објави

(Фото) Маја Шупут и Шиме не ги тргаат рацете еден од друг: Разменуваа нежности и на летот до новата дестинација

Еспресо

Марко Гачиќ откри како изгледаат прославите кај Брена и Боба: Се качуваат по маси

Еспресо

Ела Дворник објави ретки фотографии со ќеркичката, имаат голема причина за славење

Еспресо

(Видео) Северина му го честиташе 14. роденден на синот: Минав низ бури само за да те прегрнам

Еспресо

Наташа Беквалац конечно проговори за Мина и Каспер! Еве што вели за тоа дека сакал да се ожени со неа…

Еспресо

(Фото) Девојката со крилја е бремена, го очекува второто дете! 

Еспресо
Се вчитува....