9.8 C
Скопје
12:37 - 26 ноември, 2024

Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите

Македонската полиција, и покрај зголемените напори, не успева да го спречи криумчарењето мигранти низ земјава. Само изминатиот месец, односно од први до 29 јули, на територијата на Македонија се откриени 12 случаи во обид да бидат прошверцувани дури 567 мигранти. Во последниот случај полицијата на патот Радовиш-Штип запре камион натоварен со 94 мигранти, но двајцата шверцери, возачот и совозачот, успеале да побегнат.

– Последните информации за бројот на откриени мигранти и за инциденти во земјите од Балканот, укажуваат на зголемување на мигрантскиот прилив низ т.н. балканска рута и покрај кризата со ковид-19, оценува италијанската агенција АНСА.

– Земјите во регионот бележат значително зголемување на приливот на бегалци и мигранти од Блискиот Исток и од Централна Азија. Овој феномен предизвикува дополнителен притисок врз јавниот здравствен систем во сите балкански држави, кои се соочуваат со зголемувањето на бројот на инфицирани од коронавирусот – додава агенцијата.

Во анализата се потенцира дека бројките на откриени мигранти се далеку помали во споредба со оние забележани во 2015 година, но оти сепак мигрантскиот прилив од Турција и од Грција преку Балканот кон Западна Европа не престанува и покрај фактот што земјите во должина на т.н. балканската рута официјално ги „запечатија“ своите граници.

Овие оценки ги потврдува и достапната статистика на Министерството за внатрешни работи.

Најмногубројни се мигрантите со потекло од Бангладеш, од каде што биле фатени дури 217 лица, од Пакистан биле 189 лица, 66 мигранти биле од Авганистан, 28 од Сирија, од Иран биле 12 и од Сомалија 10 мигранти. Евидентирани се и други мигранти, меѓутоа, како што информираат од МВР, во помал број.

Деканот на Факултетот за безбедност, професорот Никола Дујовски, смета дека ова што се случува сега е последица на добро организиран криминал.

– Мене ме загрижува фактот што сѐ повеќе има кривични дела. Мигрантите ги има речиси во секое трето товарно возило. Тоа е голем проблем. Се најде веројатно некоја празна „жица“, празни места на границата на југ, каде што ги пропуштаат, а дали е тоа во дослух со полицијата, со војската, треба органите сериозно да се запрашаат – вели Дујовски за Мкд.мк, додавајќи дека освен што ова е очигледен криминал, не гледа опасност од масовни миграции во наредниот период.

Од МВР информираат дека во изминатиот месец се преземени мерки на кривичен погон против девет лица, меѓу кои и тројца српски државјани за сторени седум кривични дела „шверцување мигранти“. Според Кривичниот законик, со казна затвор од најмалку четири години ќе се казни секој што илегално пренесува мигранти преку државната граница, додека, пак, пет години затворска казна ќе добие оној што превезува, пренесува, засолнува или прифаќа мигранти. Доколку во овие дела има вклучено и малолетно лице, на сторителот му се заканува казна затвор од најмалку осум години. Предметите и превозните средства што се употребувале за извршување на делото, се одземаат.

Но и покрај ваквите казнени одредби, бројот на шверцери не се намалува, напротив, се добива впечаток дека се зголемува. Мигрантите од Грција влегуваат во Македонија нелегално, преку диви премини. Потоа, за да транзитираат низ Македонија им плаќаат на шверцерите, според упатени извори, од 100 до 300 евра за да ги пренесат до границата со Србија, која исто така ја преминуваат илегално со помош на организирани групи од српска страна. И на тој граничен дел се користат селските премини, особено низ општината Липково.

Владата неодамна донесе нова Одлука за постоење кризна состојба на дел од територијата на земјата, поради зголемен обем на влез на мигранти, но и поради опасноста од ширењето на ковид-19, која ќе трае 30 дена од нејзиното стапување во сила. Според професор Дујовски,  продолжувањето на кризната состојба на јужната и на северната граница им дава целосен капацитет на институциите, и на армијата и на полицијата, квалитетно да ги извршуваат своите задачи. Тој потсетува дека, според теоријата, бројот на фатените мигранти е најмалку трипати помал од оние што успеале да влезат или да транзитираат низ земјата.

The post Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите appeared first on Слободен печат.


Македонија, решето за мигрантите, Елдорадо за шверцерите was first posted on август 11, 2020 at 1:36 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....