2.8 C
Скопје
18:51 - 20 декември, 2024

Македонија пред вонредна состојба!

Очигледно дека и покрај сите усилби на здравствените власти да се справат со настанатата ситуација предизвикана од корона вирусот, тоа нема да ги даде очекуваните резултати ако не се прогласи вонредна ситуација во земјата.
Иако на состанокот на Советот за безбедност биле отворени можностите да се оди со прогласување кризна или вонредна сосотјба, претседателот Пендаровски не се одважи да го стори тоа со оправдување дека мерките кои се на сила се всушност како да сме во кризна ситуација.

Но, со подоцнежните изјави како да се определува за опцијата прогласување вонредна состојба.

Шефот на државата посочи дека вонредната состојба дава и една правна сигурност, бидејќи, како што рече, ова што досега го прави државата со тоа што ограничува угостителство и движење е повреда на основни човекови слободи и права.
-Луѓето кои тоа го применуваат на терен, велат дајте ни правен основ, бидејќи ние во моментов објективно во некои делови ги редуцираме човековите слободни и права, а тоа не е возможно освен ако немате воена или вонредна состојба. Никој не сака утре да одговара. Во тој дел вонредната состојба дава правна сигурност, потенцира Пендаровски.

Со речиси идентичен став по ова прашање е и професорот Љубомир Фрчковски:

-Логиката на прогласување на вонредна состојба се врзува со еден момент. Се ограничуваат правата на граѓаните на легитимен начин,смета Фрчковски.

Што во суштина значи ова! – Дека претседателот Стево Пендаровски може веднаш да прогласи вонредна состојба и да започнат да се спроведуваат мерките, ограничувањата и забраните при секојдневното функционирање на граѓаните.
Па сепак вонредната состојба повеќе се врзува за економската ситуација во која запаѓа државата. Сите показатели укажуваат на тоа дека полека нашата земја влегува во сериозна економска криза и дека веќе се огромни економските штети на фирмите и дуќаните кои не работат, а по се изгледа дека тие допрва ќе се зголемуваат. Според првичните проценки на една од стопанските комори, дека ако продолжи ова темпо на Македонија ќе и бидат потребни позајмици во висина од 500 до 700 милиони евра.
На тоа укажува и претседателот Пендаровски веројатно како потврда кон одлуката пред која се наоѓа за прогласување вонредна состојба во земјата:

-Последната проценка на Светка банка за овој квартал е дека ние можеме да се надеваме на раст од максимум од 0,6 до еден процент, што значи ние ќе влеземе во рецесија ако не преземеме нешто, предупредува Пендаровски.

Во членот 126 од Уставот стои – „При постоење на воена или вонредна состојба Владата во согласност со Уставот и со закон донесува уредби со законска сила.
Овластувањето на Владата да донесува уредби со законска сила трае до завршувањето на воената или вонредната состојба, за што одлучува Собранието“.

Ако имате вонредна состојба, Владата владее и може да се задолжува на светскиот пазар, затоа што и е јасно дека сегашната буџетска поставеност на долг рок не може да издржи. Но Задолжувањето на државата кај нас се прави преку закон, односно преку собраниска процедура.

Тоа пак ја отвора дилемата како распуштеното Собрание повторно да се собере. Повторното заседавање на Парламентот ја отвора можноста и за една друга дилема, а тоа е одложување на изборите за што веќе постои политички консензус меѓу сите релевантни партии.

Според Фрчкоски Лажна е правната дилема дека не може распуштено Собрание да се свика: -Пратениците се во мандат до изборот на други пратеници, а Собранието во постојано заседание. Во едно може да се одложат изборите и да се прогласи вонредна состојба. Не може да се каже за кога точно би биле одложени изборите. Големи се шансите да се оди на редовни избори на есен, вели Фрчкоски.

По средбата на правните експерти, кои дебатираа кај шефот на државата како да се најде легална форма за одложување на изборите, доцентот по уставно право на „Јустинијан Први“ при УКИМ, Денис Прешова, го реактуелизира ставот кој го имаше и пред средбата.
Според него исто така единствениот начин Собранието повторно да се свика е преку прогласување вонредна состојба:
-Очигледно дека Одлуката У.бр. 104/2016 на Уставниот суд од 2016 година произволно се толкува. Без оглед дали некому се допаѓа или не, Уставниот суд утврдил дека ОСВЕН(НАДВОР) во ситуација на прогласена воена или ВОНРЕДНА состојба (член 63 став 4), пратениците не можат повторно да се состанат по одлуката за самораспуштање. ЗНАЧИ, Собранието може повторно да се состане при вонредна или воена состојба, доколку е во можност, дури и ако претходно се самораспуштило – напиша Прешова.
Професорот Владо Бучковски објаснува дека Повторното враќање на Собранието ќе има ограничени капацитети:
– Тоа ќе ја поништи ослуката за избори и ќе прогласи вонредна состојба. Но потоа ќе се пасивизира неговата улога, а Владата ќе ја преземе улогата и надлежноста. Собранието може да се конституира за одложување на изборите, Владата останува техничка како најбезболно решение и најверојатно ќе се оди на редовни избори”-додава професорот Бучковски.

Наједноставен начин за одложување на изборите е да се воведе вонредна состојба, анализира, извршниот директор на гаѓанската асоцијација „Мост“, Дарко Алексов откако лидерите на политичките партии на лидерска средба кај претседателот, Стево Пендаровски донесоа одлука да се одложат изборите поради ширењето на заразата на корона вирусот. Но, на средбата не најдоа правен модел како ќе се одложи изборниот процес, ниту одредија нов датум откако одлучија дека на 12 април нема да има избори.

Единствените мали разлики што останаа кај Лидерите на двете најголеми политички партии, Зоран Заев од СДСМ и Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ се околу тоа дали во меѓувреме треба да се прогласи вонредна состојба или да се оди со кризна состојба.

The post Македонија пред вонредна состојба! appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....