4.8 C
Скопје
20:42 - 27 ноември, 2024

Мајките на породилно бесни што владата е непопустлива

Владината одлука да се укине породилното отсуство за мајките на деца до шест години, предизвика лавина негативни реакции, револт и разочараност откако двонеделните преговори на ниеден начин не ја поколебаа владата во нејзината одлука да го продолжи воспитниот процес за најмладите во забавиштата и градинките, а родителите да ги врати на секојдневно извршување на работните задачи.

Петицијата што ја потпишаа над 3.200 мајки, нивните протести пред владата и разговорите со премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика Јагода Шахпаска и министерот за здравство Венко Филипче, не беа доволни владата да се премисли и да го продолжи породилното отсуство. Иако Комисијата за заразни болести предложи породилното отсуство да трае до крајот на годинава, сепак владата не се согласи со оваа препорака со образложение дека градинките имаат доволно капацитет да ги згрижат најмалите по строго утврдени протоколи.

Мајките на породилно, ќе протестираат за џабе

– На средбата со владините претставници им ги напоменавме нашите барања и бев сигурна дека ќе ни дадат барем еден месец продолжено породилно отсуство колку да ја пребродиме кризата со безбедноста на нашите деца, односно да помине периодот на есенскиот бран. Можеби планираат повторно да воведуваат карантини и не сакаат да бидеме на товар на Фондот за здравствено осигурување, туку на товар на компаниите. Но, не секој сопственик на бизнис ќе им излезе во пресрет на мајките да им плаќа да седат дома. Проблемот не е само тоа што се бараат врски за запишување во градинка, како и тоа што групите со деца се големи од по 12 до 15 деца, туку тоа што не сме сигурни во безбедноста. Негувателките се живи луѓе, ќе седнат на едно кафе, мало невнимание може да чини многу. Мајките самите одлучуваат да не ги пратат децата во градинка и да останат дома, си даваат откази. Во тетовската градинка на пример, се слуша дека две негувателки се на боледување без експлицитно да се напомене дека биле заразени од коронавирус. Лути сме, но немаме веќе што да направиме. Очекуваме за неколку недели да се зголеми бројот на невработени меѓу нас зашто сега некои од нас користат одмор или неплатено отсуство, изјави за ,,Слободен печат” Милена Дабеска Симовска.

Мајките се жалат дека бараат триста врски за да го запишат бебето во градинка и дека се принудени да земат одмор за да ги навикнат своите мали деца на условите во овие установи. Голем број деца биле ставени на список на чекање со неизвесен исход.

– Одморот ми тече, а детето по само три дена едночасовен престој во градинка ми е болно! Таа не е навикната да оди во градинка зашто е бебе, а јас треба да тргнам на работа. Кој да ми ја чува? Да ја земам со мене на работа или да си дадам отказ и да ја ранам од кои пари. Срамота и греота за овие деца, револтирано реагира една од мајките.

Министерката за труд и социјала Јагода Шахпаска преку социјалните мрежи ги информираше родителките дека после консултација со премиерот Зоран Заев и со министерот Филипче, одлучено е породилното отсуство да се укине и тие да се вратат на работа.

– Еден месец продолжување на породилното боледување не менува ништо. Како влада и како министерство создадовме услови за безбедно сместување на децата во градинките согласно здравствените протоколи. Со нивно почитување, ризикот за инфекција со Ковид 19 е сведена на минимум, вели министерката Шахпаска.

Шахпаска: Родителите на децата до шест години и со продолжено породилно да се вратат на работа

На поплаките од родителките дека ги губат работните места во замена за тоа да се грижат за нивните деца, таа посочи дека владата финансиски ќе ги поддржи оние компании што не отпуштиле ниеден вработен од 31 јули годинава. Но, на родителите ова не им значи многу, со оглед на тоа што отказите веќе им биле доделени и немаат никаков бенефит од тоа што поранешниот работодавач нема да прима помош од државата како ,,казна дека ги отпуштил”.

Со соодветна медицинска документација, родителите на деца кои влегуваат во ризична група може да бидат изземени од обврската да се вратат на работа. Министерот Филипче потенцира дека најмладите деца имаат прилично висок имунитет и досега немало случај на сериозно заболено дете од оваа популација.

На протестите околу 150 жени побараа владата да има слух за нивната незавидна ситуација, дека се ставени меѓу два огна, дали да се борат за егзистенцијата или да ги одберат своите деца. Истакнати беа транспаренти ,,За нашите деца ги спремавте монтажните болници”, ,,Комисијата за заразни болести не ви е валидна?” и ,,Вашите деца не се поважни од нашите”. Дури во триесет градинки дел од мајките биле одбивани за да ги запишат малите во јасли, поради немање место и биле ставени на чекање. Онлајн петицијата за продолжување на породилното отсуство ја потпишаа над 3.330 родители.

The post Мајките на породилно бесни што владата е непопустлива appeared first on Слободен печат.


Мајките на породилно бесни што владата е непопустлива was first posted on септември 28, 2020 at 12:48 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....