-5.2 C
Скопје
01:41 - 23 декември, 2024

Лутаат ли пациенти со ковид-19 низ здравствениот систем? Млади завршуваат фатално

Веста дека од коронавирус починал 40-годишен пациент кој нема никакви други заболувања, па дури и не примал никаков антибиотик од 2017 година, ја вознемири јавноста. Како пациентот бил лекуван, има ли некаков пропуст, се првите прашања кои се поставуваат. Од Министерството за здравство велат дека пациентот од Кочани првпат ги добил симптомите на 27.03.2020 година, а на 29.03.2020 година по повик на итната медицинска помош од страна на матичниот лекар земени се брисеви за тестирање од коронавирус.

„На инфективната клиника во Штип е однесен со влошена состојба,  а на 31.03.2020 пристигнале и резултатите кои што биле позитивни. Во Скопје на Инфективната клиника бил префрлен во среда на 01.04.2020, додека пак на респиратори бил ставен два дена пред да настапи смртта. Пациентот немал хронична болест и истиот по кажувања на матичниот лекар не примал никакви антибиотици од 2017 година“, велат од ресорното министертво.

Зошто пациентот не бил порано донесен на Инфективната клиника во Скопје, зошто резултатите се чекале три дена, можел ли да се спречи фаталниот исход кај млад и здрав човек се прашањата кои бараат одговор.

Директората на Санитарниот и здравствен инспекторат Ирина Бухова вели дека досега постапиле по неколку случаи поврзани со смртен исход кај пациенти со коронавирус и повеле постапки. Дали ќе го истражуваат и овој случај, ќе информира дополнително.

– Санитарниот и здравствен инспекторат максимално одговорно постапува во овие случаи, ги истражува и презема мерки и дејствија доколку се утврди дека има пропуст во лекувањето, за што и транспарентно информираме  – вели Бухова.

За случајот со починатата родилка од Охрид за која постоеше сомневање дека има коронавирус утврдено е прекршување во однос на оневозможување на здравствена заштита на пациент, се однесува на здравствен работник кој бил дежурен во времето кога пациентката е донесена на преглед. Разрешена беше и директорката на охридската болница.

– Некои случаи од вонредниот инспекциски надзор се завршени и е утврден пропуст во лекувањето но има и такви случаи кај кои е констатирано дека пациентот одбил хоспиталиција се додека неговата здравствена состојба не се влошила многу – вели Бухова.

За случајот во Охрид ќе се поведе и прекршочна постапка против инфектологот и директорката. Тие одбиле да го примат решението од Санитарниот инспекторат. Документите ги побарало и Јавното обвинителство кое треба да утврди дали има кривична одговорност во случајот. Во уште еден случај исто така е утврден пропуст, вели Бухова, но за тоа ќе се информира дополнително.

– Има многу надзори, ќе ги спроведеме сите, но не може се одеднаш – вели директорката на Санитарниот и здравствен инспекторат.

Паѓа во очи и тоа што од Лабуништа има тројца починати, на вкупно заболени во Струга 28. Исто така имаше и неколку случаи во кои болниците во внатрешноста одбиваа да примат пациенти со симптоми на ковид-19. Кај некои пациенти дијагнозата за инфекција со коронавирусот е поставена дури откако веќе настапила смртта, што исто така го отвора прашњето дали ако се знаело порано од што боледува пациентот, ќе бил поинаку лекуван.

Д-р Игор Николов, кој оваа недела е на ротации и испомош на колегите од Инфективна клиника пак вели дека во моментов, најголемиот проблем претставува несоодветната опременост на персоналот кој е во примарниот контакт со пациентите.

– Персоналот, доколку не е соодветно опремен или не ја користи соодветно опремата, нема да постапува соодветно со пациентите и со тоа се појавува ризик за дополнително комплицирање на состојбата на болните. Понатаму, од страна на Министерството за здравство не постои јасно дефиниран план т.н. Бел план за постапување и упатување на пациентите и нивна соодветна изолација, карантинизирање или хоспитализација. Одлуките се носат ад хок, така што пред два дена разбравме дека клиничката болница во  Битола ќе била регионален центар за лекување на Ковид-19, а до пред 10 дена информациите велеа дека Охрид ќе биде регионален центар – вели Николов.

Тој објаснува и дека, иако министерот за здравство Венко Филипче вели дека болницата во Битола е целосно подготвена, во реалноста таму има само два функционални респиратори.

– Персонал ќе треба веројатно да се повлече од околните болници како Прилеп и Охрид. Тотална енигма е што се случува во Лабуништа и Струга. Како што Куманово експлодира оваа недела, постои ризик Струга да експлодира за некои 7 дена. На сето ова предупредувавме пред повеќе од 10 дена – вели Николов.

Заклучно со 07.04.2020 имаме регистирано 26 смртни случаи на 599 заболени.

The post Лутаат ли пациенти со ковид-19 низ здравствениот систем? Млади завршуваат фатално appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....