07:02 - 5 февруари, 2025

Лукашенко го забрани црвено-белото знаме, но Белорусите му пркосат со долна облека на терасите (ФОТО)

Во невообичаен чин на пркос на претседателот Александар Лукашенко, Белорусите на своите тераси ставаат разни предмети во боите на предсоветското знаме.

Бело-црвено-белото знаме, воведено во 1918 година, кое беше накратко употребено во 90-тите години на минатиот век, сега е симбол на протестите против белорускиот владејачки режим и беше усвоен од опозицијата како знаме на нивното движење.

Ова знаме можеше да се види за време на протестите во август по претседателските избори, на кои, според официјалните податоци, Александар Лукашенко извојува убедлива победа, но опозицијата тврди дека резултатите биле фалсификувани.

Официјалното знаме на Белорусија е зелено- црвено, а администрацијата на Лукашенко забрани употреба на другото, што доведе до мали акции на бунт кај белорускиот народ.

Во знак на револт, жителите на Белорусија на балконите ставаат градници, гаќи и маици во црвена и бела боја. Кај некои се завеси, некои имаат на прозорците црвено-бело цвеќе, па дури и на протестите, жените носеа фустани во овие бои.

Главниот аргумент на критичарите на ова знаме е фактот дека се користело за време на нацистичката окупација за време на Втората светска војна.

The post Лукашенко го забрани црвено-белото знаме, но Белорусите му пркосат со долна облека на терасите (ФОТО) appeared first on Слободен печат.


Лукашенко го забрани црвено-белото знаме, но Белорусите му пркосат со долна облека на терасите (ФОТО) was first posted on септември 16, 2020 at 8:40 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....