8.8 C
Скопје
14:04 - 19 декември, 2024

Лекарите запрепастени, досега вакво нешто не виделе: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна!

Медицински работници од кумановската болница кои го прележале коронавирусот и добиле два негативни теста, повторно се инфицирале и добиле позитивен брис, иако мислеле дека вирусот е зад нив, дознава ,,Слободен печат” од свои доброупатени извори во болницата. Во еден од случаите, станува збор за болничарка која водена од хуманоста отишла да донира крвна плазма за да му помогне на друг човек да се излекува и при стандардните рутински проверки кои му се прават на секој излекуван пациент, дознала дека всушност во моментот е носител на вирусот и дека не може да донира. Оваа информација била шокирачка за сите, си помислиле да не е грешка, но набрзо се појавил уште еден ист случај.

Директорката на Општата болница Куманово, доктор Снежана Захариева, инаку специјалист анестезиолог, за ,,Слободен печат” ја потврди информацијата и истакна дека самиот вирус за сите е непознаница, дека клиничките слики и интензитетот на сериозноста на случаите варира и дека единственото правило е дека нема правила.

– Не можам да негирам. И јас бев изненадена. Жената беше меѓу првите заразена, уште во времето кога почина првата пациентка од Ковид-19 во нашата болница. Се работи за болничарка од оддел за очни болести. Таа тогаш беше на инфективното одделение на испомош. Уште во првиот бран беше позитивна. Дома се лекуваше, примаше терапија, не може да се каже дека беше асимптоматска. И сега, на прашање што чувствува, рече дека чувствува блага малаксаност. Има и коморбидитети. Ова се откри при случајна проверка дека е повторно позитивна. А имаме и уште еден случај, станува збор за медицинска сестра на хирургија која беше асимптоматска и на 2 април беше позитивна. После се негативизираше, доби два негативни теста, појде на работа. И почна да развива симптоми, ја тргнавме од работа, лабораторијата беше чудна, како за ковид. И се направи повторно брис и излезе пак позитивна. Имаме два вакви случаи. Не еден. За каков колективен имунитет зборуваме? Мислевме да не е грешка, но кога се појави и вториот случај сфативме дека не е грешка. Болничарката отишла да дава плазма и видела дека е повторно позитивна – вели доктор Захариева.

Запрашана дали при повторната инфекција на двете пациентки состојбата им е полоша од првиот пат, или пак се со полесна клиничка слика, Захариева рече дека и за тоа нема правило. Медицинскиот работник што во март бил позитивен и немал симптоми сега, при второто инфицирање има бронхопневмонија.

– Кај таа пак, што имаше симптоми првиот пат, сега е многу блага клиничката слика. Нема правила. Триесет и една година работам како доктор, вакво нешто немам видено. Јас и свинскиот грип го поминав, ама тогаш сите имаа симптоми, се знаеше дека некој е болен, значи кашла, кива, сите беа со имунолошки дефицит. Но, со ковид нема правила. Има асимптоматски носители, има и со многу лоши симтоми, буквално зборува со тебе, за еден час го снемува и починува. До сега вакво нешто немам видено – додава директорката.

Таа посочува дека со овој вирус ќе живееме подолго време и мора да се прилагодиме, но дека тоа е тешко, особено после двата нови случаи на реинфекција кои покажуваат дека за вирусот има многу непознаници.

– Добро е што не сум постапила така што на испомош не сум ги праќала тие што прележале, рече директорката.

Според последната кумулативна статистика на Институтот за јавно здравје од 21 јуни, регистрирани се 464 случаи на заболување од ковид меѓу здравствените работници. Според исходот од заболувањето оздравени на тој датум биле 261 од здравствените работници, кои биле испишани од болница или имале два негативни резултати по домашното лекување.

The post Лекарите запрепастени, досега вакво нешто не виделе: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна! appeared first on Слободен печат.


Лекарите запрепастени, досега вакво нешто не виделе: Болничарка од Куманово прележала корона, сега пак е позитивна! was first posted on јуни 29, 2020 at 10:20 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....