10.8 C
Скопје
15:12 - 19 декември, 2024

Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово

Скандалозни лаги и инсинуации за начинот на кој била лекувана 24 годишната девојка која почина од компликации од коронавирусот на Инфективната клиника се шират на Фејсбук во групата антиваксери односно ,,Здравје на игла не влегува”. Постот понатаму е споделуван на повеќе други платформи а во него наводна пациентка за која се тврди дека наводно лежела во иста соба со девојката, обвинува дека на покојната не и била пружена адекватна лекарска помош.

ГОЛЕМА ЛАГА ЗА ПОЧИНАТАТА 24 годишна девојка: Жена која лежела со неа во собата во болницата посведочи: девојката не почина од корона туку почина од крварење за кое не и беше пружена НИКАКВА лекарска помош!

Меѓутоа, оваа информација е лажна. Девојката не само што била лекувана со сите терапии и од страна на инфектолози и кардиолози, туку и за целото време на хоспитализацијата била во изолирана соба, сама, како што налага протоколот.

-Девојчето лежеше во еднокреветна соба па на интензивна нега каде е исто така еднокреветна собата, така да госпоѓата што го тврди ова, под услов да постои, треба да се срами. Жално е, изјави за Слободен печат директорката на Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби доктор Милена Стевановиќ.

За овој случај на смрт настаната од компликации со коронавирусот, кај младата пациентка од Тетово, ќе има дополнителни испитувања за да се утврди дали имала претходни коморбидитети, кои што во официјалниот медицински картон не биле познати.

The post Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово appeared first on Слободен печат.


Лагите и конспирациите за Ковид 19, не ја поштедија ни починатата 24 годишна девојка од Тетово was first posted on јули 12, 2020 at 7:55 pm.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....