2.8 C
Скопје
22:01 - 21 декември, 2024

Ковид-голготи: Татко ми се гуши, брза помош не доаѓа од 8 сабајле, во болница не го примаат!

Елизабета Ѓорѓевиќ од Скопје, од 8 часот изутринава чека брза помош да дојде во нејзиниот дом во Маџари, за да го однесе нејзиниот татко во болница. Нејзиниот татко освен Ковид 19 има и шеќерна болест и стент, се гуши, а ситуацијата особено се влошува за овој 64 годишен човек, затоа што добива и панични напади бидејќи не може да земе здив. 
Веќе осум дена е позитивен на Ковид 19, пиеше Сумамед. Од вчера наваму не може да дише, не може да станува, почна да врши нужда во кревет. Јас сум сама не можам да кренам човек од 110 килограми. Матичниот лекар викна брза помош чекам од 8 сабајле да дојде брзата помош. Немало место во болниците. Од брза помош немало да дојдат додека не добијат потврда дека некоја болница ќе го хоспитализира. И вртеше матичната во сите болници и никаде не го примаат. После два часа молење рекоа демек ќе дојде брзата помош, ама уште ги нема. Треба да одам со нив во ГОБ 8 Септември да молам да го примат. Додека да дојдат лекарите ќе завршам на психијатрија, ни рече вознемирената жена.
Пациентите на кои што состојбата им се влошува и почнуваат да добиваат сериозни компликации и потешка клиничка слика поминуваат вистинска голгота додека да се сместат во болница и губат драгоцено време. Ако се дојде до потреба од респиратор во Скопје, буквално нема каде пациентот да се смести додека не се ослободи легло. Единственото чаре е приватна болница, а таму цените се солени, дури 12.000 евра за десетдневен третман.
Михаило Донев од Скопје, чиј татко е на респиратор во приватна клиника, вели дека лекувањето за татко му кое чини 12.000 евра ќе заврши во петок, а после тоа за секој следен ден ќе треба дополнително да плаќа. На државно респиратор не може да најдат.
Во Инфективната клиника нема место, во 8 Септември нема место и во Козле нема место. Бараме, чекаме, ни рече Донев.
Читателка на Слободен печат чие цело семејство е заболено од Ковид 19, имала сериозни проблеми ноќеска нејзиниот болен татко со еден куп коморбидитети да биде примен во болница.
Дојде брзата помош. Ни рекоа, да најдеме сигурно обезбеден кревет во болница. Замислете. И го однесоа во ТБЦ во Скопје, не сакаа да го примат, додека сопругот не отиде таму да се расправа. Инаку од брзата помош ми се пожалија дека и по 4 часа чекаат во ред со болничкото возило пред болница, зашто не им ги примаат пациентите без најава, зашто немало место. На крајот го примија со многу расправии и стресови, раскажува вознемирената скопјанка чиј брат е на кислородна поддршка на Инфективната клиника.

The post Ковид-голготи: Татко ми се гуши, брза помош не доаѓа од 8 сабајле, во болница не го примаат! appeared first on Слободен печат.


Ковид-голготи: Татко ми се гуши, брза помош не доаѓа од 8 сабајле, во болница не го примаат! was first posted on ноември 5, 2020 at 11:18 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....