0.8 C
Скопје
23:47 - 18 декември, 2024

Коронавирусот сепак има голема сличност со ХИВ

Научниците кои го истражуваат коронавирусот откриле дека неговите ќелии имаат способност да ги уништат здравите ќелии кои имаат задача да се „борат“ против вирусот. Тим од истражувачи од Универзитетот Фудан во Шангај (Кина) и њујоршкиот Центар за трансфузија ја истражуваа способноста на вирусот да ги убие имуните ќелии, односно тие кои треба да борат со него.

Нивното истражување оваа недела е објавено во медицинското списание Cellular and Molecular Immunology, а со тоа се покажаа како точни стравувањата на лекарите дека овој вирус може да нанесе толку штета на организмот како и кај пациентите болни од ХИВ.

Во овој експеримент научниците ги „споиле“ ќелиите од коронавирусот со лабораториски одгледуваните Т-ќелии.

Токму Т-ќелиите или Т-лимфоцити имаат составна улога и способност на ги пронајдат и уништат надворешните ќелии во организмот. Обично Т-ќелиите се способни да ги заробат ќелиите кои се инфицирани со висурот, да направат дупка и да вбризгаат хемикалија во мембраната која потоа го уништува вирусот и ќелијата. Меѓутоа, она на што не се надеваа научниците е дека коронавирусот ќе ги земе како „заложници“ токму Т-ќелиите кои потоа се неспособни да си ја вршат работата. Сличен експеримент е изведен и со вирусот САРС, но тој немал таков ефект врз Т-ќелиите.

Токму затоа многу обдукциски наоди покажуваат дека кај починатите имало многу мал број на Т-ќелии.

– Овие и другите тестови ќе ни дадат одреден нијансиран пат да дојдеме до управувањето со болеста – изјавил познатиот истражувач и професор Мено ван Зелм.

The post Коронавирусот сепак има голема сличност со ХИВ appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....