0.8 C
Скопје
21:59 - 18 декември, 2024

КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ И ПРЕКУ ВОЗДУХ: Еве што значи тоа и како треба да се заштитите

Светската здравствена организација пред два дена излезе со мислење дека новиот коронавирус може да се шири и преку воздух, нешто за што претходно предупредуваа научниците ширум светот. И експертите во нашата земја кои активно го следат развојот на настаните поврзани со коронавирусот велат дека ова било и досега јасно и на него требало да се обрне поголемо внимание отколку на ширење на вирусот преку предмети.

– Ова сознание всушност покажува дека вирусот во затворен простор може да се шири и надвор од она што значи директен, близок контакт со заболено лице на помалку од два метри растојание. Ова значи дека ако вие престојувате во некој затворен простор со циркулацијата на воздухот од клима уредот, на пример, може да се инфицирате со вирусот и ако сте пет метри подалеку од заболеното лице, не е потребно да разговарате со него, или да кивне или да се накашла во ваша непосредна близина – вели д-р Никола Пановски.

Тој објаснува дека во изминатиот период покрај директниот контакт како начин на ширење на вирусот пренагласено се акцентираше и можноста за зараза преку рацете.

– На почетокот беше потценета можноста за ширење на вирусот преку воздухот, па беше потценето носењето маски, а се акцентираше миењето на рацете. Сега станува обратно – вели Пановски и додава дека покрај носењето на маски треба и почестото да се проветруваат затворените простории.

Но сега се уште не е јасно колку долго вирусот може да остане во воздухот и да се пренесува. Некои научници велат дека коронавирусот може да остане со часови во ситни капки во застојан воздух, инфицирајќи ги луѓето додека вдишуваат. Овој ризик е најголем во преполни затворени простории со слаба вентилација и тоа може да помогне во бјаснувањето на настани на супер-пренесување, пријавени во кланици, цркви и ресторани.

Не е јасно колку често се шири вирусот преку овие ситни капки или аеросоли, во споредба со ширењето преку поголемите капки кои се исфрлаат кога некое болно лице кашла или кива или кога се пренесува преку контакт со загадени површини

Аеросолите се ослободуваат дури и кога едно лице без симптоми издишува, разговара или пее.

Светската здравствена организација објави дека има докази за ширење на коронавирусот преку воздух, откако група светски научници предупредија на таа можност.

„Не треба да ја исклучуваме можноста за пренесување на вирусот преку воздух на јавни места, особено каде што има многу луѓе. Ние сè уште треба да ги собереме и да ги разгледаме доказите”, рече претставничката на СЗО Бенедета Алегранци, препорачувајќи проветрување на затворените места и одржување физичко растојание.

„Кога тоа не е можно, тогаш препорачуваме да носите заштитна маска“, додаде таа.

Меѓународна група од 239 научници во понеделникот ги повика СЗО и другите официјални претставници да потврдат дека вирусот корона може да се шири во воздухот и над два метра и соодветно да ги променат упатствата за превенција.

СЗО предупреди и дека епидемијата се уште се шири и не го достигнала својот врв. Досега 11,4 милиони луѓе ширум светот се заразени и повеќе од 535.000 луѓе починале за шест месеци.

 

The post КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ И ПРЕКУ ВОЗДУХ: Еве што значи тоа и како треба да се заштитите appeared first on Слободен печат.


КОРОНАВИРУСОТ СЕ ШИРИ И ПРЕКУ ВОЗДУХ: Еве што значи тоа и како треба да се заштитите was first posted on јули 9, 2020 at 7:45 am.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....