5.8 C
Скопје
16:33 - 26 декември, 2024

Коронавирусот почнува да слабее во Европа

Вирусот буквално стигна во секој „ќош“ од светот, и притоа половина од луѓето на планетата ги затвори во своите домови, а повеќе од 70 илјади лица починаа како последица од ова смртоносно заболување.

Британскиот премиер Борис Џонсон во текот на вчерашниот ден беше хоспитализиран поради влошената здравствена состојба, а кралицата Елизабета се обрати до нацијата по петти пат од нејзиното крунисување во 1953 година, со говор во воен дух притоа споредувајќи ја сегашната ситуација со времето од Втората светска војна.

Но, причини за умерениот оптимизам има и во најголемите жаришта во Европа, во Италија каде последните 24 часа имаше најмал број на починати во изминатите две недели, како и Шпанија каде бројот на жртви бележи пад веќе трет ден. И во Франција вчера беа регистрирани најмал број жртви во изминатите седум дена.

– Ситуацијата е постабилна. Бројот на пациенти на интензивна нега повеќе не расте со толкав интензитет, а некои од заболените веќе почавме и да ги пуштаме од карантин, изјави Емпар Лорен, медицинска сестра од Шпанија.

Пред полските болници, персоналот ракоплеска на секој пациент кој ќе се излечи и ќе си замине дома.

И додека кривата во Европа полека почнува да се стабилизира, нема знаци дека истата ситуација се случува и во САД. Таму бројот на мртви се приближи до 10 илјади.

– Ова ќе биде најтажната недела на животот во Америка, вели американскиот министер за здравство Џером Адамс, и ваквиот тек на случувањата го спореди со „Перл Харбор“ и терористичките напади од „11 Септември“ додавајќи дека сепак оваа криза не завршува тука.

Најлоша е ситуацијата во Њујорк, каде во текот на вчерашниот ден за прв пат не забележаа нов рекорд по бројот на жртви. Сепак Гувернерот Ендрју Куомо рече дека рано е да се зборува за почеток на пресвртница.

Од најголемиот американски град се уште стигаат фотографии од медицински лица како изнесуваат бројни тела од болниците и ги превезуваат во мртовечници.

Градот кој никогаш не спие сега е потполно завиен во тишина. Неонските светла околу Тајм Сквер треперат со натпис – „Им благодариме на оние кои се борат за нашите животи!“

The post Коронавирусот почнува да слабее во Европа appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....